Вечерашната трибина на Стево Пендаровски во Делчево наместо на летната сцена или на партерот до неа каде СДСМ во минатото традиционално ги држеа своите партиски трибини и митинзи, се одржа на партерот пред сцената на најнискиот простор во градскиот парк.
Кои се причините за ваквата одлука на организаторите не е познато, но очигледен беше малиот број на граѓани кои беа присутни на самата трибина во споредба со митинзите на СДСМ во минатото во Делчево.

Исто така денеска Стево Пендаровски имаше своја трибина и помеѓу граѓаните на Берово каде посетеноста беше исто така скромна споредено со митинзите на СДСМ во 2016 година и пред тоа. Во текот на денот Стево Пендаровски имаше директни средби со жителите на Чешиново – Облешево и Пехчево