• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Трајна забрана во Уставот за промена на уставното име и на унитарниот карактер на РM

април 5th, 2019 Македонија, Став коментари 690

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Кога пред неколку години ја актуелизирав потребата од внесување трајна забрана во Уставот за менување на уставното име Република Македонија, и на унитарниот карактер на државата, се доби впечаток дека предлогот остана недоволно разбран од политичката и од граѓанската јавност.

Како одминуваше времето, како се разоткрија сите елементи на политичката криза во државата, ова прашање повторно добива на значење, поради што и се наметнува обврската истото да се врати високо на политичката агенда во земјата. Времето ни покажа дека влогот на вештачки креираната политичка криза во земјата не е само инспириран СДСМ да се дограби до власта, туку многу повеќе и многу посериозно, влогот е Република Македонија да биде разнебитена како држава, да се избрише од политичката и од географската карта, а заедно со државата да не снема и нас Македонците како автохтон и самоопределен народ. Токму од овие причини Македонците мора да делуваат брзо и енергично во сопствена самоодбрана, да ги употребат сите можни правни и политички механизми за самозаштита од политичкото цунами наметнато од надвор за бришење на Македонците од европската карта. Докази за ваквите намери како и за стратегијата во која е планирано уништување на Македонскиот народ имаме насекаде околу нас. Опасноста демне од сите страни. Македонците мора да бидат будни и остроумни во оваа борба. Мора да ги употребат сите демократски средства кои постојат во другите земји како добри практики со цел создавање на одбранбен национален механизам, создавање добар национален имунитет кој ќе успее да ги победи сите болести што ни се навртени од надвор, но и од внатре. Засилувањето на националниот имунитет мора да започне од Уставот надолу. Најдобриот одбранбен механизам во овој момент е да се внесе уставна клаузула во форма на трајна забрана за менување на уставното име и на унитарниот карактер на државата. Овие две работи од национално значење не смеат да бидат предмет на никакво преговарање, или политичко договарање. Овие две клучни работи не смеат да бидат предмет на никаков политички пазар.

Трајната забрана внесена во Уставот за промена на уставното име и унитарниот карактер на Република Македонија мора да биде сфатена како алфа и омега, детерминанта, и константа на сите наши сегашни и идни генерации, на сите политички партии, на сите граѓански здруженија и организации, на секој граѓанин.

Никој, под ниту еден услов, или причина, не смее да го отвори прашањето за промена на уставното име или за промена на унитарниот карактер на државата. Ова мора да биде семакедонска кауза и семакедонски договор, во кој еднакво, и рамноправно место ќе имаат и сите етнички заедници кои ја чувствуваат Република Македонија како своја татковина.

Крајно време е да се направи овој чекор за да се запечати политиката на неменување на уставното име и нејзината унитарна форма. Време е во Уставот на Република Македонија да се внесат два уставни амандмана со кои трајно ќе се забрани промена на уставното име, како и промена на унитарниот карактер на државата.Трајната забрана не само реторички, туку и на највисок уставно-правен начин, ќе го затвори прашањето на сите политички калкулации околу уставното име на земјата кои траат недозволено многу време, како и игрите околу унитарниот карактер на државата, и на правен начин ќе ја зацементира семакедонската црвена линија која никој во државата нема да смее да ја пречекори.

Трајната уставна забрана треба да генерира длабока кохезивна, интегрирачка енергија која ќе го засили уставниот патриотизам, и ќе го засили националното единство за прашања од најголемо значење за земјата.

Трајната забрана ќе има и силна политичка вредност. Таа ќе биде политички патоказ за сите сегашни и идни власти. Секоја идна власт ако се противи на забраната и сака да ја избрише од Уставот ќе мора да се соочи со револтот на граѓаните на Република Македонија кој ќе бара образложение зошто се инсистира на тоа бришење. А такво образложение, ќе признаеме сите, е невозможна мисија и мисија со голем политички ризик.

Уставната теорија и пракса познава бројни примери на устави во светот во кои е внесена трајна забрана за промена на некои уставни делови, или на конкретни уставни одредби. Вредни за споменување се уставите на Франција од 1875, од 1946, и актуелниот од 1958 година, во кои е внесена уставна клаузула со која се забранува промената на францускиот републикански облик на владеење.

Уставна клаузула со иста содржина имаат и Уставот на Република Италија од 1948 година, и Уставот на Република Тунис од 1959 година.

Трајна забрана за промена на претставничкиот систем, и на принципите на почитување на граѓанските слободи и права, како и еднаквоста на луѓето во земјата содржи и Уставот на Камбоџа. Уставот на Египет од 1930 година содржел забрана за промена на уставните одредби кои го гарантирале претставничкиот и парламентарниот систем на земјата, додека во Уставот на Сојузна Република Германија од 1949 година има уставна забрана за промена на три уставни одредби: одредбата која се однесува на организирањето на федерацијата, одредбата која го уредува учеството на  федералните единици во федералното законодавство, како и одредбата во која Сојузна Република Германија е дефинирана како федеративна, демократска и социјална држава.

Иако самиот поим трајна забрана за промена на одредена уставна одредба или некој уставен дел делува многу сложено, а на момент и тешко спроведлив, сепак тој прерасна во суштински елемент на модерниот конституционализам, и уставното дизајнирање.

Во уставната пракса можат да се најдат бројни забрани (трајни или привремени, целосни или делумни) за промена на одредени делови, или членови на уставот во многу земји во светот кои со текот на годините ја покажале својата целосна оправданост.

Една од таквите значајни трајни забрани е онаа содржана во Уставот на Турција која се однесува на секуларниот идентитет на Уставот, како и на „карактерот на државата“, републиканскиот облик на владеење, кои не можат да биде предмет на промена. Токму овие две забрани многумина автори ги сметаат за „цемент на националниот идентитет на Турција“.

Вредна за споменување е и трајната забрана за промена на членот 5 од Уставот на САД во кој се гарантира еднаквата изборна застапеност на сите федеративни држави во Сенатот на американскиот Конгрес.

И во Уставот на Индија постои специфичен вид забрана за промена на „основните уставни одредби“, а посебно федерализмот, владеењето на правото, секуларноста, и судската независност.

Иако трајната забрана нема правно задолжителен карактер за идните генерации, сепак аманетот оставен од нас силно ќе остане врежан во колективната меморија на македонската нација кој не ќе може да биде заборавен или забошотен од идните поколенија.

Уставното име на нашата татковина, како и нејзиниот унитарен карактер не можат и не смеат да бидат предмет на политичка трговија, а уште помалку предмет ставен на „пазарот на идеи“. Нашето уставно име како и унитарноста на државата се нашата национална гордост. А со националната гордост и достоинство на Македонците нема играње!

Пишува: Тања Каракамишева

 Извор: Курир

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Новинарката на Телма изнесе лажно тврдење на првата ТВ дебата на тројцата претседателски кандидати
Следна објава Пендаровски во Делчево наместо на летната сцена, трибина држеше на партерот пред неа
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 722
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 652
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 676
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

776
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1954
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.