Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Секој од нас има посебен вкус за пијалок. Некој сака остар и жесток вкус, а други благ и префинет вкус. Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.
- Црвено вино

Вие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.
- Пиво

Креативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.
- Ликер

Обожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.
- Бело вино/Вотка

Вие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.
- Блади Мери

Егзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.
- Космополитен

Вие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.
- Текила

Кога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.
- Маргарита

Кога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.
- Виски

Вие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.
- Џин

Не го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.
- Рум

Се претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.
- Шампањ

Романтични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.
- Мартини

Вие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.


