-Но она што е најважно и што мене најмногу ме радува е што во соработка со градоначалникот, кој што имаше подготвеност и добра волја, тука се прифати две крупни фабрики да се отворат, тоа се Амфенол и Антура, кои што вработија многу луѓе. Досега во Амфенол се вработени на 1.700 луѓе, а планот е да надмине на 2.500 нови вработување на луѓе кои што немаат работа. Во Антура се вработија околу 320 луѓе, а планот е да се вработат уште толку, затоа што веќе и се гради нов капацитет, изјави Груевски.
Тој кажа дека многу го радува тоа што во соработка со градоначалникот бројот на невработени успеале да го намалат од 12.000 на помалку од 4.000.


