Почина 19 годишната девојка која од тешката несреќа која се случи на 13 февруари кај Ласкарци , се здоби со тешки повреди на екстремитетите.
Иако лекарите на КАРИЛ ја одржуваа во живот повеќе од еден месец, и и ја ампутираа ногата за да го спасат нејзиниот живот – девојката им подлегна на повредите.
Таа и уште едно момче на 19 годишна возраст се најмладите патници кои починаа од повреди предизвикани од несреќата. Бројката на жртви се искачи на 16.