Се поизвесно е формирање на новo парламентарно мнозинство за нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија со поддршка на минимум 64 пратеници. Станува збор за обединување на сите албански пратеници против ДУИ како и напуштање на бродот на Зоран Заев од страна на пратеници од редовите на коалицијата “Можеме”.
Од наши извори дознаваме дека се поверојатно е формирање на ново парламентарно мнозинство во кое влегуваат 44 пратеници од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 12 пратеници од Алијансата на Албанците и Алтернатива, 2-јцата пратеници на Левица, како и 4 пратеници Албанци плус дополнителни 2 пратеници од коалицијата “Можеме” за вкупно минимум 64 пратеници за поддршка на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е математичкиот израз
44+12+2+4+2+=64+
со кој што дефинитивно тоне бродот на Зоран Заев заедно со гумениот чамец на ДУИ.
Сидрото за кое што зборуваше Зоран Заев наместо да го донесе на брегот, сепак согласно законите на физиката се поблизу е до дното на овој наш политички океан.
Дополнително вака конституираното парламентарно мнозинство многу веројатно е дека ќе расте со поддршка од дополнителен број на пратеници кои се противат на криминалот и неправдите нанесени врз граѓаните на Македонија во изминатите 3 години од страна на власта на СДСМ и ДУИ.


