Денеска во пријателска посета на Делчево беше почесниот конзул на Хрватска во Република Македонија г-ѓата М-р Вита Хузјан. Нејзин домаќин беше кандидатот за градоначалник за општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски заедно со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници на Македонска Каменица Димчо Атанасовски- Џими и Александар Китански од Пехчево.
Во пријатно друштво и расположение г-ѓата Хузјан заедно со нејзините домаќини имаа можност да ја посетат Соборната црква Св, Кирил и Методиј во центарот на Делчево со подолга прошетка низ градот.
Во рамки на посетата Кандидатите за градоначалници на Делчево, Пехчево и Македонска Каменица имаа работен ручек со почесниот конзул во еден од делчевските ресторани и се дружеа во еден од делчевските угостителски објекти.
Д-р Николчо Стојменовски јавно преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката на г-ѓата Хузјан.


