Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски денеска се поклони пред споменикот на паднатите борци од НОВ 1941-1944 година во центарот на Делчево по повод 7 Септември- Денот на ослободувањето на градот кој го носи името на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во текот на денот Д-р Стојменовски упати и честитка до своите сограѓани по повод овој значаен ден за Делчево и делчевчани.


