Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски преку социјалните мрежи сподели видео порака на негов соработник од Лондон.
Кертис е млад и успешен претприемач од една од светските претстолнини на глобалниот светски пазар и светска економија, кој и ден денес сорабоптува со Д-р Николчо.
За Кертис граѓаните на Делчево со изборот на Д-р Николчо за градоначалник на Делчево можат да имаат целосна доверба во неговиот кредибилитет, затоа што месец октомври е клучен месец за иднината на Делчево и иднината на Македонија.
“Гласот за Николчо е глас за вашата иднина “,
-вели Кертис во видео пораката упатена до граѓаните на Делчево.
На ваквата порака јавно се заблагодари Д-р Николчо Стојменовски
“Кертис, ти благодарам за поддршката, навистина ми значи што твојата порака може да стаса до моите сограѓани. Навистина верувам дека Делчево и делчевчани во октомври ќе ја препознаат вистинската опција и ќе го заокружат бројот 7. 7 за нова иднина, поуспешна иднина за сите нас! “
-напиша како благодарност Д-р Николчо на фејсбук.