Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Дејан Владев за општина Свети Николе денеска со свое видео обраќање ги презентираше најзначајните проекти од неговата предизборна програма со која ќе ја бара довербата на изборите на 17 октомври.
“Ви ветувам дека мојата работа за вас како градоначалник ќе започне веднаш од 18-ти октомври одговорно и транспарентно, а не само во последниот месец од четирите години како што и самите можевте да согледате од мандатот на претходниот градоначалник. Работа, чесност, одговорност – тоа се моите преоритети! Не ветувам мегаломански проекти туку остварливи и реални проекти за подобро Свети Николе. Најзначајни проекти кои ќе ги реализираме од нашата програма се:
1. Уредување на речното корито;
2. Изградба на спорстки сали;
3. Целосно оспособување на прeчистителната станица;
4. Асфалтирање на улици во градот и руралните средини;
5. Канализациони мрежи во градот и руралните средини;
6. Зголемување на паркинг места во градското подрачје;
7. Овозможување на услови за изградба на градски базен;
8. Враќање на стариот изглед на старата градска чаршија и атрактивен локален туризам;
9. Младински културен центар;
10. Санација на веќе изградени спорстки игралишта и изградба на маалски игралишта во градот и селата;
11. Овозможување на услови за отвoрање на градинки;
12. Целосно уредување на новиот градски парк со содржини за млади;
13. Подобрување на условите за работа во воспитно-образовните институции;
14. Ќе организираме референдум за депонијата кај с. Мечкуевци, наброја Владев.”
-соопшти Дејан Владев- Кандидат за градоначалник на Свети Николе.
Тој соопшти дека во неговата програма покрај овие најзначајни проекти се застапени многу проекти за секој граѓанин на Свети Николе.
Целото видео обраќање на Дејан Владев погледнете го во продолжение:


