По информацијата пренесеана во јавност од страна на Антонијо Милошоски на денешната прес конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ дека кандидат за градоначалник на Зрновци ќе биде Борчо Коцев, пристигна поддршка од повеќе јавни личности и партиски активисти на опозициската партија.
“Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци, има добри резултати направено и претходно во самата општина по однос на доверба на други изборни циклуси и сметаме дека може да биде и добар градоначалник на оптина Зрновци.”
-рече Милошоски при краткото претставување на Коцев кој ќе ја трча претстојната трка за градоначалник за општина Зрновци.


