Во организација на невладината организација „Аутизам аамк” промовиран е видео запис на песната „растеме заедно“.
Целта на проектот „Растеме заедно“, е да се зголеми свесноста за аутизмот како појава која е се повеќе присутна меѓу нас, и прифаќање на нивната различност. Децата не прават разлика во дружењето.
Сите заедно се дружат, се смеат , играат, се радуваат и споделуваат емоции. Ваквите дечиња мора да се вклучени во општеството бидејќи има многу работи кои можеме да ги научиме од нив, посебно љубовта.
Во соработка со македонски уметници кои доброволно учествуваа , излезе видео записот на песната „Растеме заедно“. Погледнете го и споделете го!


