Овие неверојатни чаши се претвораат во мини галаксии кога додавате чиста течност во нив.
Слично како галаксиската бања која ја претвора вашата када во галаксија кога се користи, овие уникатни чаши ви овозможуваат да ги пиете соковите како од галаксијата, при секоја голтка што ја консумирате од нив. Тие се изработени од јапонскиот уметник Хироми Сато, а тој за нив смета дека „Универзумот се шири кога ќе истурите течност во нив“
Кога имате гости кои доаѓаат во вашиот дом, зарем не ќе се обидете да ги импресионирате со пијалок што има вкус на небото? Овој убав дизајн на чаши од галаксијата, се многу популарни и веднаш беа распродадени штом се појавија и тоа на многу места низ светот.
Овие чаши името го добиле од дизајнерот и се наречени „Сора кокоро“, и тие се изработени од не’рѓосувачки челик. Сато ја додава бојата и текстурата во чашата за да и даде неверојатен дизајн. Потоа Сато додава лак-финиш, и ја попрскува со златна прашина за да и се даде тој ѕвезден изглед. Дизајнот потоа се зголемува и засилува откако ќе додадете чиста течност како вода, алкохол, чај или друго.
Галаксиските чаши се изработуваат во Јапонија, може да издржат до 1,25 мл течност, а секоја чаша е висока 2 инчи.
„Добивме многу прашања од клиенти, и многу нарачки, па поради тоа производството не е на време. Поради природата на работата, времето мора да се добие плански, бидејќи треба долго време за да создадат уникатни дизајни на секоја чаша “ – објаснува дизајнерот.









