• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Помалку познати факти за духовитиот Мистер Бин

јуни 6th, 2019 Магазин коментари 1311

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Помалку познати факти за духовитиот Мистер Бин

Роуан Себастијан Аткинсон е британски актер, комичар и сценарист. Најпознат е со своите комедии како: Господинот Бин (Mr. Bean), Црна Гуја (Blackadder), Тенката Сина Линија (The Thin Blue Line), Џони Инглиш (Johnny English) и други. Тој е во листата на најдобри комичари на Велика Британија.

Аткинсон првпат станал познат во емисијата ” Not the Nine O’Clock News” (1979-1982) на комедијата Би-Би-Си, добивајќи ја БАФТА за најдобра улога во 1981 година. Аткинсон беше набројан во The Observer како еден од 50-те најчудни актери во британската комедија, и меѓу првите 50 комичари во светот, во анкетата од 2005 година на колеги комичари. Во прилог на неговата BAFTA 1981, тој доби награда Оливие за неговата театарска претстава од 1981 година како Роуан Аткинсон во Revue. Тој, исто така, имаше филмски успех со неговите настапи во филмските адаптации на Мистер Бин Бин и Холидеј Мистер Бин, а исто така и во филмската серија Џони (2003-2018). Тој исто така се појавува како титуларен лик во Maigret.

Британската хумористична ТВ серија „Мистер Бин“ (Mr. Bean) за прв пат била прикажана пред 25 години. Ликот на осамениот и несфатен Мистер Бин и ден денес може да насмее милиони луѓе ширум светот. Начините на кои успева да се снајде во сите незгодни, несекојдневни и смешни ситуации служат како вистинско охрабрување за сите кои некогаш доживеале срамни моменти. Прочитајте ги овие интересни факти за смешниот Мистер Бин за чија појава најмногу е заслужен актерот Роуан Аткинсон…

1. Роуан Аткинсон почнал да работи на ликот Мистер Бин додека ги завршувал магистерските студии по електротехника на универзитетот Оксфорд.

2. Повеќе од 100 авиокомпании го искористиле ликот на Мистер Бин како реклама на авионите.

3. Во 1987 година на фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал, Аткинсон инсистирал да изведе скеч пред публика која зборува француски за да го тестира физичкиот аспект на хуморот што тој го претставува.

4. Името Бин, што на англиски значи грав, било смислено дури во 1989 година. Пред тоа Аткинсон и Куртис имале предвид многу видови зеленчук, пред конечно да се одлучат за гравот, односно Бин.

5. ТВ серијата „Мистер Бин“ која почнала да се прикажува во 1990 година била смислена од страна на Аткинсон и Ричард Куртис кој подоцна ги напишал комедиите „Четири венчавки и погреб“ (Four Weddings and a Funeral) и „Љубов, всушност“ (Love Actually).

6. Најголемите обожаватели на Мистер Бин не можат да се помират со фактот што биле снимени само 14 епизоди. Но, затоа има и два филма, анимирана ТВ серија и видео игра.

7. Мистер Бин нема име.

8. Тој е многу повлечен, но и образован човек кој успеал да дипломира на два универзитета: Оксфорд и Њукасл.

9. Мистер Бин живее на вториот кат во зградата на улица Арбор Роуд бр. 12 во Хајбери во северен Лондон. Адресата е секако измислена.

10. Досега се продадени 35 милиони дигитални видеодискови (ДВД) од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,4 милијарди прегледи на Јутјуб и околу 68,5 милиони фанови на Фејсбук.

11. Иако важи за осаменик, Мистер Бин имал девојка по име Ирма Гоб, која се појавува во вкупно три епизоди од серијата.

12. Аткинсон му е школски другар на Тони Блер.

13. Девојките доаѓаат и си одат, но пријателите остануваат засекогаш. Тоа важи и за најдобриот пријател на Бин, мечето Теди. Неговиот однос кон мечето е малку збунувачки, бидејќи од една страна му купува подароци за Божиќ и внимава да не го разбуди додека спие, а од друга, неретко го користи и како четка за молерисување.

14. Другиот најдобар пријател на Мистер Бин е автомобилот Мини, кој за потребите на снимањето на серијата бил уништен дури два пати.

15. Во последните 25 години, во секој момент се прикажува серијата „Мистер Бин“ некаде во светот.

16. Долгометражниот филм „Бин“ (Bean) е еден од филмовите со најголема заработка во историјата на англиската кинематографија. Тој има заработено вкупно 165 милиони фунти.

17. Покрај глумата, Аткинсон исто така обожава да вози. Во една прилика тој изјавил дека еден од најсреќните моменти во неговиот живот е кога добил дозвола за возење камион, а во детството обожавал да го вози тракторот на татко му.

18. Во 2002 година, Мистер Бин добил и своја анимирана верзија, но гласот и понатаму останал оној на Роуан Аткинсон.

19. Аткинсон го опишал Мистер Бин како „Дете во тело на возрасен човек“. Во едно интервју, тој го нарекол и „природен анархист“. Но, Мистер Бин е и прилично себичен и егоцентричен, бидејќи Аткинсон изјавил дека не му треба уште еден глумец во кадар за да биде смешен.

20. Овој лик постигнал голем успех и во книжевниот свет. Книгата „Дневниците на Мистер Бин“ која дава можност да се ѕирне во уникатниот ум на популарниот лик, била објавена во 1993 година, а продадена е во милион примероци.

21. Аткинсон е горд сопственик на импресивна колекција од брзи автомобили, меѓу кои може да се најдат Астон Мартин, Хонда, Ауди, па дури и МекЛарен Ф1.

22. Легендарното мрдање на ушите на Мистер Бин е вистинско. Роуан Аткинсон навистина може да го направи тоа.

23. Мистер Бин повремено пишува за некои британски списанија за автомобили.

24. Мистер Бин најверојатно не е од оваа планета! Во најавната шпица тој се симнува од небото опкружен со мистериозна светлина, а две епизоди завршуваат така што некоја непозната сила го „вшмукува“. Освен тоа, во анимираната ТВ серија тој завршува во вселенски брод каде што се запознава со вонземјаните и дознава дека сите личат на него.

25. Аткинсон целиот негов живот имал проблем со замуцкувањето, што е веројатно една од главните причини зошто ги одбегнувал интервјуата.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најсилните жени се жените со анксиозност
Следна објава Видеото поради кое Џулијан Асанж се соочува со затворска казна од 175 години
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 785
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 630
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 714
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 770
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 779
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 734
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 743
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 671
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 757
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

946
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.