Локалните власти во источниот регион кој што е еден од најсиромашните во државата посветуваат сериозно внимание и ресурси за помош на граѓаните.
Во услови на неподнослив раст на сиромаштијата кај граѓаните во Брегалничкиот регион, градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов поддржан од мнозинството советници во општинскиот совет доделија помош од 3000 денари за секое прваче, секој запишан средношколец и секој запишан студент од општината во шретстојната учебна година.
“На денешната 10-та седница на советот на Општина Карбинци донесовме одлука за доделување еднократни парични средства за секое запишано прваче, средошколец и студент во учебната 2022/23 година! ![]()
За секое прваче од Општина Карбинци запишано во учебната 2022/23 год. по 3000 денари ![]()
Секој средношколец запишан во прва година во учебната 2022/23 год. од Општина Карбинци по 3000 денари ![]()
Секој студент запишан во прва академска година во 2022/23 год. од Општина Карбинци по 3000 денари
“
-соопшти градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.


