Во услови кога опозицијата практикува активна блокада на работата ан собранието, пратениците од владеачкото мнозинство практикуваат тотална блокада, особено на говорот на претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Денеска на моменти додека тој зборуваше на говорницата на седницата на пратенички прашања во собранието, клупите на пратениците од владеачкото мнозинство останаа празни.
Очигледно дека она што го зборувал премиерот на пратениците од СДСМ и нивните коалициски партнери, не им е доволно интересно, па во меѓувреме наоѓаат поинтересни содржини за нивното време за кое земаат плата од народот.