Вработените во јавното претпријатие “Стипион” од Штип на почетокот на новата работна недела на неколку локации ги завршија започнатите зафати во изминатиот период а истовремено напредуваат во реализацијата на другите тековни активности.
“Дневни активности на Стипион 25.07.2022
Завршeно санирање и бетонирање на прекопи во населбата Македонка
Завршено бетонирање на стопи за поставување на бандери на патеката од 8ми Ноември до населбата Балканска
Санирање на метална ограда на спортското игралиште во населба Три Чешми
Осветлување на спортското игралиште во населба Три Чешми
Санирање на прекопи во населба Каваклија”
-стои во извештајот за работа на ЈП “Стипион” Штип за денеска.