Македонската опера и балет е во интензивни подготовки на балетската премиера “Болеро” од Морис Равел која ќе се одржи во рамки на фестивалот “Охридско лето” 2020.
Кореографијата на оваа балетска претстава е на Саша Ефтимова под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Самите подготовки на балерините се одвиваат под вонредни мерки според протокол за заштита од Ковит-19 со заштитни маски и одржување на соодветна дистанца.
Со гала оперски концерт и балетската премиера претставата ќе се одржи на сцената “долни Сарај” во Охрид со почеток во 22 часот на 13 август.
Настапуваат:
ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ
Сандра Митровска – сопран
Катерина Стојановска – сопран
Ѓорѓи Цуцковски – тенор
Владимир Саздовски – бас
Балетска премиера
БОЛЕРО – Морис Равел
Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и оркестарот на Национална опера и балет
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Кореограф: Саша Евтимова
Режисер: Дејан Прошев
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Милчо Александров
Photo credit📸: Александар Томовски


