• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Последниот бранител на Републиката

март 16th, 2021 Историски личности коментари 889

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Последниот бранител на Републиката

Пишува: Анита ДИМОВА

Името на Питу Гули, прославен илинденски војвода, стана синоним за бестрашен борец, предан до смртта на македонското револуционерно дело. Тој е легенда којашто продолжува да живее, трајно вкоренета во народното паметење, богато опеана во македонските песни за последниот бранител на ослободеното Крушево. Неговата популарност видливо ги има оставено зад себе сличните подвизи и саможртви на стотини војводи и револуционери од илинденската епоха.

Неговата девиза била негување на долготрајната програмска ориентација за заедништво во неволјите, во борбите и во стремежите кон слобода на сите угнетени во Македонија. Тој бил пример за учеството на македонските Власи во ослободителните движења во Македонија.

Изворните податоци за животниот пат и за револуционерното дело на Питу Гули се скудни, фрагментарни, расфрлени низ мемоарите и литературата за борбите од илинденската епоха. Оваа празнина ја пополнува биографскиот осврт што го направи академик Манол Пандевски.

Среќна околност претставува фактот што за Питу Гули како и за многумина истакнати револуционери да не останат анонимни се погрижиле нивните преживеани соборци, блиски и пријатели.

ГОЛГОТСКИ ПАТ

Современиците се согласни во тврдењето дека Питу Гули се родил во Крушево и дека бил од влашко, ароманско потекло. Некои современици сведочат дека имал завршено само две одделенија основно училиште, а од сите кажувања следува заклучокот дека во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита. По раната смрт на таткото, мајка му го главила, поскоро да слугува одошто да работи, кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани. Тогаш по првпат Питу ја почувствувал горчината на експлоатацијата и понижувањата. По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија.

Питу Гули

(1865-1903)

Годината на раѓањето се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека тогаш, во 1885 година, тој бил на дваесетгодишна возраст. Затоа може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

Калмиковата чета се формирала во Ќустендил, а се состоела од 120 четници, чија главнина дошла од Софија. Со неа дошол и Питу Гули. Префрлувањето преку границата станало во две групи, ноќта на 18 спроти 19 мај 1885. По влегувањето во Македонија, четата се движела во јужна насока – преку Осогово, Пијанец, Голак, Плачковица, Радовишко и Плауш кон Демир Капија. Во Радовишко четата била откриена по што започнале прогоните, судирите и разбивањето. Против неа излегле јаки потерни единици, составени од турска војска и башибозуци. Најтешко било тоа што, останувајќи без водичи и врски, четата изгубила ориентација, а преминот на Вардар кај селото Градец бил чуван од бројна аскерска единица.

Питу Гули, на голготскиот пат од Ќустендил до Солун, ја споделил судбината на своите преживеани соборци. Тој ги доживеал гладот и заморот, турските потери и заседи, понижувачките мигови на предавањето, тагата на разделбата со другарите и со оружјето. Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот “Беаз Куле” (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Турските архиви се уште ја кријат тајната на судењето, но се знаат тешки пресуди. Сите добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години. Судот го одредил и местото на издржувањето, во затворот на градот Аргале Маден, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година.

Питу Гули се вратил во родниот крај во годината на основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација којашто само по две години ќе почне да ја разгранува својата мрежа и во Крушевско. Доста скудни се податоците и за овој период од неговиот живот. Се спријателил со семејството Зердевци кои држеле гостилница во Кичево. Крушевчани и денес кажуваат дека Питу Гули, пак во тие години и во Крушево отворил кафеанче во месноста Ќошкот, кај Влашка Корија. Питу отпрвин работел во Кичево, а потоа во родно Крушево. Зачленет во Организацијата и поврзан со нејзината мрежа, крушевското меанче го претворил во сигурен јатак за организационата чета на Дуко Тасев, другарот од заточеништво. Преку него крушевската организација ги одржувала врските со четите на ВМРО. Во тие години, во 1895 или 1896 година, тој се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Така Питу задомил дом и формирал семејство. Во бракот со Евгенија имале четири деца – три сина и една ќерка.

Изворните материјали не ја посочуваат годината на повторното одење на Питу Гули како печалбар и емигрант во Софија. Но, отсуството на неговото име од хрониката на неколкуте крупни настани што се случиле во Крушевско во првите две години од минатиот век, говорат за тоа дека Питу Гули го напуштил родниот град кон 1900 година. И во Софија, на периферијата од градот, Питу држел скромна гостилница која станала сврталиште на македонските емигранти и комити, во прв ред, од Крушевско, Кичевско, Прилепско, Демирхисарско.

Питу Гули во Софија останал до март 1903 година, кога по вторпат, сега веќе како војвода на чета, тргнал за Крушевско.

ДРАМАТИЧНА РАЗВРСКА

По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули се здобил со уште поголема популарност и авторитет и наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Во тие денови сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу се кажува дека со таква цел ги обиколувал селата. Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе.

На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини.

Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме. Десетина дена потоа, подготвувајќи се за одбрана на Крушево, и востаниците се реорганизирале и прегрупирале. Утрото на 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат “на милоста на султанот”. Заедно со пораката дошол и ултиматумот дека “доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам”, додавајќи дека тој го смирил Косово и е кадарен да го смири Крушево. Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции.

Последните денови, часови на Питу Гули ги опишал Наум Томалевски, учесник и сведок на настаните за кого Питу е “еден од големите војводи на Организацијата”. И Томалевски знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.

Тој добил известување дека турскиот аскер наидува од три правци, така што морал да ја поведе четата кон Мечкин Камен. Пред конечниот распоред на бојното поле војводата, со кратка реч ги окуражил борците, строго наредувајќи им никој да не отстапува од своето место, а стрелбата да ја почнат само откако ќе го чујат истрелот од неговата пушка. Еден од учесниците во битката убаво се сеќава: “Потоа Ѓорѓи знаменосецот го раздипли свиленото црвено знаме и го забоде во земјата близу до себе и до двајцата свои наследници – знаменосци. Ја изгореа сета архива, се испрегрнавме и избацивме и фативме позиции во каменестото место. Питу беше во средината. Чекавме да наближат Турците”.

По сигналот од војничка труба, непријателот тргнал во жесток јуриш, но бил запрен од плотуните на востаничките пушки и бомби. Томалевски запишал: “Турската колона кај Трстеник и Врбовец се појави зад грбот на четата, која веќе е блокирана скоро од сите страни. Страшен бој. Дојдовме на 5-10 метри, потем на 2-3 чекори и најпосле се измешавме со Турците… Не можевме да се служиме со пушките, зашто недостасуваа фишеци, а и затоа што тетовките и грчките пушки се прегреаја и не ги исфрлаа куршумите. Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше покриен со мртви и тешко ранети четници на коишто никој не можеше да им помогне. Турците не запреа, туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Четници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг. Дури утредента, по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа да ги доубијат нашите ранети, да ги ограбат и да ги погребат своите”.

Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. “Него долго време ќе го прогонува проклетството на илинденскиот пораз. Тоа ќе ја сподели судбината на безброј други откорнати македонски огништа. Несреќите за домашните, во уште поголема мерка, продолжиле по драматичната разврска на Мечкин Камен.

Извор: Македонско сонце

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Знаме на Втора македонска народно-ослободителна ударна бригада
Следна објава Се појави нова петиција за поддршка на Васил Гарванлиев за учество на Евровизија
Може да Ве интересира:
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 654
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 633
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 644
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 576
Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија
Историски личности

Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија

август 10th, 2022 615
71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров
Историски личности

71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров

јули 13th, 2022 624
Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска
Историски личности

Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска

јули 9th, 2022 568
На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори
Историски личности

На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори

јули 9th, 2022 603
На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

јуни 28th, 2022 529
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1201
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2210
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1457
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.