Попладнево пред Македонскиот парлемент од страна на граѓани кои се одзваа на граѓанската иницијатива Македонија #Блокира, беа поставени шатори во кои ќе ноќеваат самите граѓани кои не се согласуваат со промената на името на Република Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
Притоа упатен е и апел за било каква поддршка од страна на останатите граѓани на фејсбук страницата на Македонскиот национален фронт:
Доколку немате време да бидете пред Собранието можете да помогнете и на друг начин.
Знаеме дека некои од Вас се на работа, имаат фамилијарни обврски но можете барем 1 час да одвоите во било кој дел од денот или ноќта и да ги посетите и да им помогнете на луѓето кои ќе престојуваат пред Собрание и нема да се откажат од борбата за зачувување на името.
Пред Собранието, итно е потребно храна ќебиња, вода и чај.
#МакедонијаБлокира не се откажува оди до крај.
ПОМОГНЕТЕ НА БИЛО КОЈ НАЧИН !!!


