Пратеничката Дафина Стојановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи се одзва со поддршка на својот колега Љупчо Димовски, кој што е под удар на власта за симнување на пратеничкиот имунитет по барањето за притвор од судските власти.
Таа напиша:
Колегата Љупчо Димовски е еден од ретките луѓе во оваа сурова реалност. Мирен, културен, коректен, принципиелен и, пред се’, достоинствен. Чест ми е што го запознав и што стана мој пријател и учител. Неговата насмевка уште долго време ќе ве следи и ќе ви пркоси. Не сфативте дека се’уште има луѓе во Македонија кои не се на продажба, кои немаат цена. Колку сакате заплашувајте и апсете. Има уште многу Љупчовци и исправени ‘рбети.


