На денешната расправа во Комисијата за мандатно имунитетни прашања пратеникот од листата на СДСМ на претходните парламентарни избори од позиција на власт и моќ од собраниската говорница упати повик дека сака да го види пратеникот Никола Груевски во затвор.
Со тоа пратеникот Богоевски демонстрира еклатантно мешање на законодавната во судската власт со упатување пораки во јавноста како и до судиите како да судат.
Опозициските пратеници се спротивставуваа на одземањето на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Парламентот Трајко Велјановски и истакнаа дека можно е да има список на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се следни за симнување на имунитет.
Претседателот на Комисијата за мандатно- имунитетни прашања Павле Богоевски одговори дека инцидентите во Шутка како да му одговараат на поранешниот премиер Никола Груевски во неговото тврдење дека условите во затворот се опасни, како дел од барањето за азил во Унгарија.
Неговата изјава пренесена од порталот Лидер.мк во расправата со опозициските пратеници беше:
-Груевски рече дека тоа ќе го направи, дека ќе се откаже од имунитетот и ќе оди во затвор, но прв лавовски избега во Унгарија и сега од таму на сите ни се смее, и нам и вам. Јас сакам во затвор да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци.