По повод православниот христијански празник Мала Богородица во градската црква која го носи името на Пресветата Мајка Божја во Делчево денеска се служеше света Божествена литургија.
Службата започна во 07.00 часот а литургијата свештените лица ја започнаа вообичаено во 09.00 часот. На литургијата се пееја стихови од светото писмо од страна на свештените лица како и повеќе граѓани коу учествуваат во црковниот хор на црквата. Кон крајот на литургијата граѓаните дојдени за причест на своите новородени можеа да се причестат а за останатите верници следуваа и молитви за нивно здравје и слава на Бога.
На литургијата присуствуваа поголем број на верници од градот Делчево како и околните села.