• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Предговорот на Македонската Енциклопедија (ENCYCLOPEDIA MACEDONICA) од 2009 година

април 11th, 2019 Македонска бесмртност коментари 1345

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Предговорот на Македонската Енциклопедија (ENCYCLOPEDIA MACEDONICA) од 2009 година

Во 2009 година беше објавена првата научна енциклопедија во редакторство на Македонската академија на науките и уметностите.

Енциклопедијата е подготвувана подолг период во Лексикографскиот центар при што биле вклучени 260 соработници во нејзината подготовка под раководство на главниот уредник, академик Блаже Ристовски. Енциклопедијата е отпечатена во околу 2.000 примероци, финасиски подржана од Владата на Република Македонија. Околу 300 примероци се продадени или подарени. Останатите 1.700 копии се повлечени од продажба. На почетокот енциклопедијата, тајно циркулирара во електронска форма низ Интернет, а подоцна можела слободно да се преземе.

Во енциклопедијата има околу 9.000 одредници.

Во МАНУ било планирано „Македонската енциклопедија“ да се објави во проширено издание со повеќе томови, во кое ќе било опфатено се што во овие два тома не било опфатено или било пропуштено, а потоа ќе се превела енциклопедијата на англиски јазик.

Во продолжение го пренесуваме Предговорот на енциклопедијата напишан од редакцискиот одбор:

Појавата на првата Македонска енциклопедија е историски чин. Со неа Република Македонија влегува во редот на земјите и народите што создале енциклопедиска синтеза на своето минато и на својата современост, на она што било или останало по нејзиниот цивилизациски пат. Тоа е научно фундирано огледало на генерациите и на современиците што ги рефлектира сознанијата само за овие простори од праисторијата до денеска. Со тоа современата македонска научна мисла се обидува сублимирано да ги претстави развојните епохи, периоди, подрачја и струки и да го формулира сопственото гледиште врз македонските работи воопшто. Со децении во Скопје постоеше Редакција на Енциклопедијата на Југославија за Македонија. Излегоа само првите два тома од “Енциклопедија на Југославија. Издание на македонски јазик” (Загреб, 1983 и 1985). Во нив заинтересираниот корисник тешко ќе може да ја согледа целоста и сеопфатноста на Македонија.

А во странските енциклопедии, особено во енциклопедиските изданија на соседите, премногу се скромни, измешани и изобличени селектираните факти и аргументи за Македонија и Македонците за да се сфати и да се прифати “вистината” за вековниот комплекс на “Македонското прашање”.

Македонската енциклопедистика уште е во својот зародиш. Во последниве децении се појавија повеќе индивидуални печатени и електронски обиди за парцијално лексиконско претставување на одделни области и струки. Од институционалните печатени лексиконски изданија треба да се спомнат “Македонскиот историски речник” (2000) на Институтот за национална историја во Скопје и “Речникот на народната митологија на Македонците” (2000) на Институтот за старословенска култура во Прилеп, а сличен е и обидот на МИ-АН во Скопје со публикацијата ,,Личности од Македонија” (2002). Прв посериозен енциклопедистички потфат направи Книгоиздателството “Детска радост” во Скопје со издавањето на петтомната “Македонска енциклоuедија за деца” (1990), а од преводната продукција (со македонски приопштувања) заслужува внимание скратената верзија на “БриШаника. Енциклоuедиски речник” (1-10, 2005-2006) на “Топер- МПН” во Скопје. Меѓутоа, најамбициозна се претстави четиритомната “МИ-АНова енциклоuедија ouшiila и македонска” (2006), под редакција на Јован Павловски, во која неколку илјади “одредници се однесуваат на Македонија во нејзините историски, географски и етнички граници”. Првата иницијатива за подготовка на национална енциклопедија во Македонската академија на науките и уметностите е покрената од Одборот за научноистражувачка работа и уметнички истражувања (27. VI 1994). По извесни нови иницијативи, Претседателството на МАНУ на 23. IX 1999 год. ја прифаќа идејата, формира Иницијативен одбор и започнуваат подготовките за создавање административноправни претпоставки за реализацијата. Во следната година е основан Лексикографскиот центар и се направени постапките за избор на неговите органи и тела. Наскоро е составена и Главната редакција на Македонската енциклопедија (од претставници на петте одделенија на МАНУ) и постепено се оформува широка редакција од редовите на членовите на Академијата, од Универзитетот и од одделни научни институти од разните области и струки. Правните акти за структурата и работата врз Македонската енциклоuедија Претседателството на МАНУ ги донесува на 25. VI 2002 год. Замислата беше да се подготви повеќетомна национална (а не општа) енциклопедија. Се увиде дека средствата од Научниот фонд на МАНУ не можат да ги покријат нараснатите потреби. Затоа, на 28. VI 2005 год., Главната редакција донесе решение да се подготви кратка Македонска енциклоilедија, а речиси подготвениот прв том од повеќетомната да причека поблагопријатни услови. На 22. XI 2005 год. Главната редакција го усвои скратениот азбучник и со добиените наменски средства од Владата на РМ ја започна реализацијата. Кратката Македонска енциклоuедија нема претензии да биде показ и приказ на целокупниот живот и развиток во Македонија, да биде инвентар на сите историски, културни и општествено-политички настани, состојби, личности, појави и пројави. Но таа претендира да стане почетна објективна интегрална информација за нас и за нашата земЈа и да го скенира македонската гледиште за културното и национално- политичкото минато и за нашата транзициска сегашност.

Таа треба да стане прв домашен прирачник за подобро самозапознавање и компетентна основна информација за странскиот корисник, без инфилтрација на идеолошки и дневнополитички актуализации, без мегаломански и мегалофилски митологизации и без возбудување национална-политички историски и современи антагонизми. Во неа нема црни и бели ликови, настани и процеси. Македонскиот граѓанин и меѓународната заинтересирана јавност можат да најдат сублимирани егзактни одговори за елементарните прашања од македонската географија, историја, етнографија, јазик, литература, култура, економија, спорт итн., информации за вековните борби, востанија и програми за културно-национална и државносна афирмација. Во неа се рефлектираат во определена форма речиси сите научни области и струки, сите позначајни појави и процеси што настанале или се одразиле во милениумскиот цивилизациски развоен тек на просторот во Македонија или во врска со неа, со акцент на одредниците за траЈните вредности во културата на оваа почва. Редакцијата настојуваше по можност сразмерно да ги застапи разните дисциплини и струки и од општествените и од природните науки. Истовремено, таа е свесна дека, и покрај стремежот за што пообјективен критериум при изборот и обработката на одредниците, тој во крајна линија секогаш останува индивидуален, авторски, па затоа во стеснетиот обем на ова издание е можно и значајни личности, настани и појави да не се претставени или да не се соодветно третирани. Притоа, Редакцијата беше ограничена и при собирот и изборот на илустративниот материјал. Обемот налагаше многу личности, настани и состојби да останат без соодветно ликовно-графичко обликување. Но, позната е дека ниедна енциклопедија не е во состојба да биде ни сеопфатна ни завршена. Се надеваме дека идната повеќетомна МЕ ќе овозможи посоодветен простор и третман за покомплетно и покомплексно претставување на се што е релевантно во историскиот и во современиот развиток и статус на Македонија.

Редакцијата исто така беше свесна и за историските дадености. Судбината на земјата и народот наложи и специфичен пристап кон историјата, културата и третманот. Во разни времиња Македонија потпаѓала под разни и различни владенија. Минувале империи и цивилизации, се случувале миграции и погроми, но вековите создавале културно наследство што претставува национална, а истовремено и светска придобивка. Должност беше сето тоа да се регистрира, да се претстави и да се вреднува, зашто таа материјална и духовна култура претставувала фундамент при формирањето на профилот на народот и на опкружувањето. Затоа во МЕ соодветно се одразени основните вредности и придобивки на целото ова гео- графско и етно-историско пространство. Зашто, иако земјата била владеана од разни господари, таа географски, економски и етно-културно, и покрај сите надворешни влијанија, останувала интегрална целина.

По Балканските војни со Букурешкиот договор (1913) таа го загуби територијалниот интегритет што како статус е потврден и по Првата светска војна со Версајските договори (1919), но . . . македонскиот народ Ја продолжува СВОЈата историЈа и култура и во границите на четирите соседни држави и во емиграцијата. Непрекинатата борба за ослободување и обединување и манифестациите на националната свест претставуваат дел од духовното единство што во текот на Втората светска војна доведува до општа националноослободителна борба, во која е извојувана првата современа македонска држава, макар и само на територијата на еден дел од поделената земја. Тој историски факт не може да не се има предвид. Затоа во Македонската енциклопедија територијата и историјата на Македонија до 1913/1919, па во одредена мера и до 1944 година, е третирана како интегрална целина. Инаку, би требало да се лишиме, на пр., од столбовите како Делчев, Мисирков, Сандански и Влахов. Следствено, и антифашистичката борба на Македонците е гледана како целина, со сите специфичности, иако многу подетално е обработена Народноослободителната борба во Вардарскиот дел на Македонија. Врз тие принципиелни определби се обработувани и населбите, културноисториските споменици, сакралните објекти и археолошките наоѓалишта, старите ракописи, дневните и периодичните публикации, разните конфесионални, политички, национални, револуционерни и идејни движења и формации; разните историски собранија, конгреси и решенија; попознатите ајдути, револуциионери и војводи, организатори, борци и команданти; историските места и настани; општествено- политичките и државните структури; научните, образовните, здравствените, социЈално-економските, стопанските и другите владини и невладини институции и асоцијации. По конституирањето на Демократска Федерална Македонија во рамките на Демократска Федеративна Југославија (2. VIП 1944), меѓутоа, геополитичката територија е веќе омеѓена со границите на Република Македонија. Иако, МЕне ги испушта од предвид и манифестациите на македонското национална малцинство во Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово, како и на македонското население во дијаспората, раселено во Европа и по сите меридијани во светот, независно од нивното територијално потекло. Притоа посебно внимание е посветено на учеството на Македонците во Движењето на отпорот во Грција (1941-1945), особено пак во Граѓанската војна (1946-1949) и егзодусот на децата-бегалци расфрлани во европските и воневропските држави. Македонската енциклоuедија не можеше да не ја вклучи и културно-националната автономија во Пиринскиот дел на Македонија (1947-1948) и посебно современата македонска борба за национални и човекови права во Република Бугарија. Тоа се однесува и за манифестациите на македонската културно-национална свест во Република Албанија и непрекинатата борба за училишта, учители и учебници на македонски јазик, за политичка организирање, за своја самоуправа и за основни човекови права и слободи. Независно од се уште недодефинираната политичка состојба на Гораните, не можеше да се одмине и нивната борба за малцински национални, конфесионални и човекови права во новата држава Косово. Во одредниците, разбирливо, доминантно место има македонскиот народ во земјата, но се застапени и етничките заедници и нивните култури, со посебен акцент на албанската како побројна. Исто така соодветно се опфатени и релевантните врски и односи на РМ со другите држави, како и личности од странство што дале посебен придонес за проучувањето и афирмирањето на нашата земја во областа на стопанството, политиката, Јазикот, науката и културата.

Така структурирана, Македонската енциклоuедија претставува сумарум на знаењата презентирани од 265 соработници од сите профили, често и врз сосем нови истражувачки постапки. Таа кондензација на македонската научна мисла во систематизиран енциклопедиски вид, при отсуство на енциклопедистичка традиЦИЈа и стручно искуство, несомнено претставува своевиден национален подвиг и историска придобивка. Преку фрагментирани целини, со научна концизност, Македонската енциклоuедија настојува да придонесе за задоволување на нараснатата жед во земјата и во странство за проверени концентрирани информации за минатото и современоста на Република Македонија.

Редакцијата чувствува долг да одбележи дека во подготвителниот период на ова издание, како членови на Главната и на Широката редакција, како и на Советот на Лексикографскиот центар, повремено учествуваа и други соработници. Интегрално го претставуваме, меѓутоа, само актуелниот состав што ја градеше концепцијата и учествуваше во реализацијата на ова издание во периодот по 28 јуни 2005 година.

Редакцијата на Македонската енциклопедија

Предговорот е превземен од Македонската енциклопедија издадена од страна на МАНУ во 2009 година во печатена и електронска форма.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби
Следна објава Утринава уапсен основачот на Викиликс- Џулијан Асанж во името на американските власти
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 648
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1012
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1012
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 658
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 634
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 856
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 648
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1118
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 589
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

884
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1695
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.