Од страна на Комисијата за заразни болести усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.
Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Главниот координативен кризен штаб се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.
Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.
За овие заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница кога ќе се знае дали ќе стапат на сила ваквите препораки.


