• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски

ноември 11th, 2019 Македонија коментари 1288

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево: Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски на прес конференција објавена денеска на нивната фејсбук страна, го прозва Горан Трајковски за сите ветени а нереализирани проекти од неговата предизборна програма со која ја доби довербата од граѓаните пред две години на локалните избори во 2017 година.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Почитувани сограѓани,

Две години локална власт на СДСМ и Горан Трајковски во Делчево и повеќе од 2 ипол години централната власт на СДСМ. Две години неработење, лаги и манипулации, стагнација па дури и назадување, две години остварување на лични, семејни и партиски интереси.

Лагите и манипулациите на челниците на локалната власт од СДСМ во Делчево еволуираа во патетика, безобразие и загубен контакт со реалноста.

Ова е моменталната фаза од Заевизмот во кој што е заробена Република Македонија и нашето Делчево.

Отчетот за „сработеното“ на локалната власт во изминатите две години е составен од три категории на проекти: проекти започнати од претходната власт, проекти реализирани од актуелната централна власт и проекти кои ЌЕ се реализираат во иднина.

Фалбите и присвојувањето на туѓи проекти, препишувајќи ги како свои е единствениот успех на актуелната локална власт. А како што се неспособни и тоа го прават на само за нив карактеристичен аматерски начин.

1 – Филтер станицата на брана Лошана – проект започнат уште во 2011 година, на чија што имплементација е работено 7 години пред помпезното потпишување на Договорот за обезбедување на финансиската конструкција за конечна изградба на самата филтер станица.

2 – Веќе две години како градоначалникот Трајковски се фали и со проектот за современ градски пазар. Иако наследи техничка документација од претходно, тој повторно реши да потроши огромна сума на пари за изработка на нов проект, за задоволување на лични хирови. Истовремено, после две години, камен на камен не е ставено на локацијата каде треба да се гради пазарот. Локација која денес е најголемата дива депонија во централното градско подрачје во Делчево.

3 – Пешачкиот мост на река Брегалница е исто така проект инициран и развиен од страна на претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Со изработена техничка документација и потпишан Договор за обезбедување на финансиски средства од страна на претходниот градоначалник, Горан Трајковски упорно и патетично во стилот на неговиот шеф Зоран Заев, си ги препишува сите заслуги за себе, во врска со овој проект.

Иако градоначалникот Трајковски пред изборите вети дека мостот ќе биде готов во 2018 година, после две години, одлагањето и неспособноста на актуелната локална власт во врска со овој проект овозможува граѓаните да не можат да го користат овој мост, кој само како споменик стои над река Брегалница.

4 – Истото се случува и со проектот за изградба на градска капела, каде од страна на претходниот градоначалник беше изработена урбанистичка документација и обезбедени дел од средствата за изградба, преку МСИП-проектот. И повторно тука е Горан Трајковски да го уназади проектот, кој после две години се уште ја нема започнато изградбата, иако рок за изградба на капелата во неговата предизборна програма е 2018 година.

5 – Реконструкцијата на улиците Светозар Марковиќ, Питу Гули и Маршал Тито чија што имплементација започна уште во 2016 година и други проекти започнати од претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот градоначалник, исто така без најмалку срам, си ги препишува за свои.

6 – Аматеризмот, непрофесионалноста и непознавањето на материјата доаѓаат до целосен израз и во преден план со фалбите на градоначалникот Трајковски во врска со т.н. реконструкција на дел од Булеварот Македонија. Прво поради немањето на никаква надлежност на Градоначалникот во однос на имплементацијата на овој проект, а второ затоа што во брзање да се постигне популистички ефект се направи огромна инвестиција во асфалт, без притоа претходно да се подобри тлото на потребните делници од оваа важна сообраќајница и да се реконструираат тротоарите заедно со бетонските рабници кои се во катастрофална состојба, а чија што идна реконструкција подразбира уништување на поставениот нов асфалт. Кој во блиска иднина ќе сноси одговорност за непрофесионалното и нестручно постапување во врска со овој проект? Дали тогаш Горан Трајковски ќе го впери прстот во Јавното претпријатие за државни патишта кое што е надлежно и со чиј што проект моментално се фали г-динот Градоначалник?

Со исклучок на овој проект кој што не е во надлежност на Горан Трајковски, и проектите на претходните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои што Трајковски си ги препишува за свои, Градоначалникот во изминатите две години има изградено нешто повеќе од 1 километар улици, што е вистинската слика за неговиот аматеризам и неспособност.

И за пародијата да биде целосна, Горан Трајковски за крај на својот т.н. Отчет – за она што го сработил, ПОВТОРНО најавува “ЌЕ” проекти – нешто што наводно ЌЕ го сработел….

Па така првиот човек на општината зборува за решени проблеми, без притоа да каже кои се тие проблеми кои што тој ги решил. Зборува за невидливи инфраструктурни проекти во неговиот т.н. Отчет во износ од 120 милиони денари, кои ЌЕ почнеле да се реализираат во наредниот период.

Повторувам, Градоначалникот на Општина Делчево во својот Отчет зборува за нешто што ЌЕ го реализира во иднина. Граѓаните да не го знаат овој човек би се насмеале на ваквите негови искази, но ситуацијата е далеку од смешна.

А ветуваа многу. Ветуваа се и сешто. Наместо реални и остварливи, дадоа лажни ветувања кои не се во состојба да ги остварат. Им беше поважно со лажење и манипулирање да ја освојат власта. Лажеа и ветуваа живот, за да сменат име на држава, за лични богатења, матни бизниси, и затоа многу брзо ќе си ја добијат заслужената казна.

Да се потсетиме што се ветија во нивната предизборна програма во 2017 година и колку остварија за овие 2 години локална власт и повеќе од 2 ипол години централна власт.

  • ВЕТИЈА ЧИСТА ВОДА И ЧИСТ ВОЗДУХ, ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ

– Каде се подобрени услугите во комуналниот сектор и здравата животна средина? Дали на тоа мислеа кога ја поскапеа цената на водата за пиење и кога секојдневно ние граѓаните го чувствувавме загадениот воздух и се труевме од отровните гасови од градската депонија која постојано гори?!

-Каде се ветените нови контејнери и канти за селекција на отпад, како и новите камиони за собирање на истиот? Единствено што направија е тоа што директорот на ЈКП Брегалница ненаменски потроши милиони денари на редовните плаќачи за набавка на несоодветна механизација, набавена под сомнителни тендери, и потрошени огромни суми на пари за репрезентации во делчевските кафеани.

– ВЕТИЈА ОТВОРЕНА И УСЛУЖНА ОПШТИНА ЗА СИТЕ

Наместо тоа, добивме партизирана администрација и пресметување со политичките неистомисленици. Служби, посебно во делот на градежниот и комуналниот инспекторатот, кои не смеат да излезат на терен. Во такви услови во градот на секој чекор никнуваат дивоградби, а во околината на градот диви депонии.

– ВЕТИЈА ДОИЗГРАДБА И ДОУРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА и тоа на потегот од Хотел „Македонија“ до мостот на р.Брегалница на ул.„Индустриска“ и од црквата „Св.Кирил и Методиј“ до СРЦ „Пијанец“ (градски стадион, градски базен) со рок на реализација 2018 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ НА УЛ.ИНДУСТРИСКА, рок на реализација 2018 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ЦЕЛОСНА ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНО – ЦЕМЕНТНИ ЦЕВКИ СО ПВЦ, рок на реализација 2018 – 2020 година. На крајот од 2019 година сме, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – ЦРНА СКАЛА, рок на реализација 2019-2021 година. Имајќи во предвид дека во оваа 2019 година е реализирано 0% од овој проект, можеме да претпоставиме колку ќе се реализира до крајот на 2021 година.

– ВЕТИЈА НАБАВКА НА НОВО СОВРЕМЕНО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ТППЕ, рок на реализација 2019 година. Наместо тоа приоритет на градоначалникот му беше да издвои средства за непродуктивни вработувања на партиски членови на СДСМ, блиски роднини и другари, за сметка на обновувањето на возниот парк на противпожарната единица, која многу наскоро ќе дојде во ситуација да носи вода во канти за да локализира некој пожар. НЕРЕАЛИЗИРАНО – ИМААТ УШТЕ ЦЕЛ МЕСЕЦ ЗА ДА ГО РЕАЛИЗИРААТ ОВА ВЕТУВАЊЕ.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, рок на реализација до 2019 година, НЕРЕАЛИЗИРАНО.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА НОВИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ И НИВНО ОПРЕМУВАЊЕ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА, нереализирано досега.

– ЗА ДЕЦАТА – ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ДЕТСКИ ЗАБАВНИ ПАРКОВИ И ИГРАЛИШТА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ (ПРВИ, ВТОРИ И ТРЕТИ РЕОН), нереализирано досега, не е изграден ниту еден парк или игралиште.

– ЗА УЧЕНИЦИТЕ – ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА НОВИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ИГРАЛИШТА, досега не е изградено ниту едно ново, а и веќе изградените се наоѓаат во многу лоша состојба, бидејќи не се одржуваат.

– ЗА МЛАДИТЕ – ВЕТИЈА ОСПОСОБУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА САЛА ВО СРЦ ДЕЛЧЕВО И НЕЈЗИНО СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА, КАКО И ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ И СКЕЈТ ПАТЕКИ, нереализирано досега.

– ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – ВЕТИЈА ОСПОСОБУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА (ЗАДРУЖНИ ДОМОВИ И СЛ) ЗА ПЕНЗИОНЕРСКИ КАТЧИЊА КАДЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ДРУЖАТ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА И КАНАЛИЗАЦИСКИ ЛИНИИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ РЕОНИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА МОСТОТ ПРЕД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТНА ОГРАДА, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ „ВАНЧО ПРЌЕ“, нереализирано досега.

Не заборавија да ветат и во селата.

– ВЕТИЈА ДОУРЕДУВАЊЕ НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ТВРДИНА ВО С.ГРАД, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДО ЛОКАЛИТЕТОТ СВЕТИТЕ ВОДИ ВО С.ТРАБОТИВИШТЕ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОМЕН-ДОМ „РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ“ ВО С.РАЗЛОВЦИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА ОТВОРАЊЕ НА КУЈНА ЗА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ВО С.РАЗЛОВЦИ, нереализирано досега.

– ВЕТИЈА СКОРО ВО СИТЕ СЕЛА – УРЕДУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ЕНДЕЦИ, ВОДОТЕЦИ, ВАДИ И ЈАЗОВИ, УРЕДУВАЊЕ НА СЕЛСКИ ЧЕШМИ, ИЗГРАДБА НА ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА, ИЗГРАДБА ИЛИ ДОВРШУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИИ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ, ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ, РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ, и многу други проекти, кои или воопшто не се реализирани или во многу мал процент.

Со тоа слободно можеме да констатираме дека ПРАВИОТ ПАТ на Горан Трајковски и Зоран Заев во Делчево е поплочен со многу, многу „ЌЕ” проекти, кои во реалноста остануваат само бездушни лаги…

Тоа впрочем е она што и во изминатиот период СДСМ најдобро знае да го прави.

Очигледно Заевизмот станал заразен, па наголемо се пресликал во ликот и делото на Горан Трајковски.

И секако, не смееме да го заборавиме ликот и делото на нашиот пратеник во Собранието на Република Македонија, почитуваната г-ѓа Мира Стојчевска, која многу придонесе за афирмација на нашата општина во државата и пошироко, преку брендирањето на нејзиниот модел на вработување на своите најблиски роднини познат како „Мира Дизел вработувања“, како и преку директните инвестициите кои истата ги вбризгува во делчевската економија, на име патни трошоци за патување до и од нејзиното работно место. Во нешто и ние да бидеме први!

Токму поради ваквите “ЌЕ-политики” и тупкањето по рамо, Делчево е на работ на егзодус на своите жители. Како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги претставиме сите неуспеси и ќе ги разобличиме сите лаги на Горан Трајковски и СДСМ во Делчево, затоа што животот во Делчево стана пекол за граѓаните кои беа излажани од Горан Трајковски и партиската ергела на СДСМ.

Господине Трајковски, времето на брутален непотизам и окупирање на локалните институции со неспособни ваши роднини и партиски кадри завршува!

Цицањето на парите на граѓаните за непродуктивни плати и надоместоци за вашите партиски послушници е пред крај!

Доста беа лаги, доста беа манипулации. Вие сте на прав пат да си заминете од вашите фотељи, а граѓаните се на прав пат да добијат нова власт, власт која ќе се грижи за нив и која ќе ги решава нивните проблеми.

Доаѓа време кога Делчево ќе стане град во кој жителите ќе се гордеат да живеат овде.

Доаѓа Обнова на Македонија, Обнова на Делчево!

Тоа ќе се случи најпрво на предвремените парламентарни избори во април 2020 година, а потоа ќе продолжи и на следните локални избори.

Ви благодарам!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Малку пореална пресметка на месечен семеен трошок од онаа на Мила Царовска
Следна објава ПРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ ОК КАРБИНЦИ ПО ПОВОД ОТЧЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАСЕВ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 361
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 340
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 977
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 354
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 395
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 165
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 244
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 327
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1467
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1621
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2784
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202229
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.