Во домот на културата во Качарево, Србија свое учество на вечерта на литературни средби ќе имаат Христина Деолска, Даниела Такева, Маријана Стоименова и Миле Ѓорѓијоски.
На оваа манифестација ќе бидат поставени две изложби:
-Изложба на илустрирани афоризми со авторски карикатури на карикатуристите Јордан Поп Илиев, Блаже Докуле, Миро Георгиевски;
-Изложба на дела создадени со техниката Енкаустика од авторката Христина Деолска.
Настанот е закажан за 15.06.2018 година со почеток во 20 часот во Домот на културата во Качарево.