• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Претворени во оружје на Боговите

октомври 11th, 2019 Македонија коментари 873

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претворени во оружје на Боговите

Забележано е зголемено движење на оперативци на ЦИА, МИ-6 и други разузнавачки служби во Македонија.

Македонскиот народ е горд народ. Има еден негов дел што е помалку горд. Во пресрет на најавените бугарски провокации во однос на најсветиот дел од македонската историја, сакам да порачам:


Македонци не фаќајте се како слепец за стап!

“Сеништа… Толку многу сеништа од историјата…”

Странски оперативци имаат студирано и имаат кариери изградено на нашата револуционерна илинденска епопеа. Еден македонец да има кој ќе направи било каков инцидент за време на одбележувањето на Илинден, овие мршојадци надвиснати над Македонија тоа ќе го искористат во разнебитувањето на нас самите како народ и држава.

Настаните од 27.05.2017 година во парламентот беа успешен нивен тест во таа насока. 

Не’ работат како нива!

“Порака која  ќе остане запаметена од историјата”

“Некој” дозирано провоцира и гради атмосфера за насилство од страна на Македонците на Илинден. Со оперативци на терен од овие разузнавачки служби лесно може ова дозирано незадоволство да прерасне во инсталација и перформанс кој контролирано ќе предизвика ефекти кои против наша волја и интерес. А кои потоа во рамки на нивната пропагандна машинерија ќе бидат филмувано запечатени во историјата која ја создаваме против нас самите и нашите интереси.

Сите глупости, сите моронски постапки, гестикулации, вербални “ненамерни” глупирања на Зоран Заев и неговиот “неспособен” владин тим постојат само затоа што се дел од ова сценарио. Оваа програмирана инфериорност на инсталираната влада на Република Македонија треба да предизвика кај политичкиот противник чувство на надмоќ а самата Влада да биде “жртвата” цело време на секојдневните политички напади од страна на доминантно развиената медиумска структура на политичкиот противник. Така сме заглавени во редица парадокси кои успешно се поставени и етаблирани во домашната но и светска јавност а се ништо повеќе од едноставни манипулантски трикови на кои навистина ни останува само да апла-удираме.

  1. Имаме евидентна ситуација на инфериорна влада која самоуверено си прави што сака со државните институции, и задоволување на својата политичка клиентела;
  2. Од друга страна имаме “победничка” опозиција која секој момент само што не дошла на власт;
  3. Имаме поделен (читај слаб политички ентитет) народ кој е обединет само околу постојаната глад за материјално богатство, но не и создавање вредности;
  4. Имаме решителен, странски фактор кој инвестира огромни човечки и материјални ресурси во насока на имплементација на нивните стратешки планови за кои Македонскиот народ ниту е прашан дали ги поддржува (сега за сега, а кога ќе биде прашан ќе биде доцна);
  5. Имаме соседски интереси кои исто така не се во прилог на интересите на Македонскиот народ а кои преку домашни инсталации се “одомаќинуваат” привидно во државата.

Каде е “народот” на сликава?

Сетете се само на сликите на раскрвавеното лице на Зоран Заев во Собрание. На раскрвавените лица на набилданите момци околу него кои треба да зрачат со сигурност и сила а беа ставени во улога на жртви. Ова се моќни пораки кои на претстојното одбележување на Илинден можат да добијат свое засилено и мултиплицирано дејство и манифестација. На 27-ми мај 2017 година тепачите, насилниците изнудувачите, уценувачите и уништувачите се претворија во жртвени јагниња. 

И погодете “кој” беше директен причинител на овој ефект?

Македонскиот народ?

НЕ!

Македонскиот народ беше искористен од разузнавачките структури кои заедно со него влегоа во зградата на парламентот и организирано го контролираа текот на настаните.

Зоран Заев знаеше што се случува. Затоа и не испаничи кога на мониторот до него забележа дека толпа влегува во собранието. Знаеше дека тој е “пленот”.

Збунетите вмровци од редот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ во собрание како чавки во магла се обидуваа да покажат капацитет дека ја контролираат ситуацијата. 

“Колку само симпатично изгледаше прегратката на Елизабета Канчеста со маскираниoт насилник во Македонскиот парламент!”

Народот воден од сопствената емоција си влезе во својот најсветол дом за да покаже кој е газда. Но вистинскиот газда направи подлога за перцепција од криминалци некои поединци да ги претстави како мачители.

“Инфериорниот” премиер.

Но!

Зоран Заев не е противникот. Тој е само уште еден платен соработник на многу помоќен непријател на македонските интереси. Толку моќен што се уште не сме свесни за неговото постоење. Или барем мнозинството од нас. Противник кој реди постојани успеси во деградирањето на заедништвото и обединетоста на Македонскиот народ. Насетуваме, дека нешто се случува, но нашата гордост не ни дозволува да си признаеме дека трпиме порази на тој план.

-Вистинскиот противник стои настрана и се смешка на нашата глупост дефинирана од возвишено чувство на гордост, лојалност, посветеност, кредибилност… И неукост, наивност, ограниченост и примитивен одбрамбен систем од напад кој не знаеме ниту од каде доаѓа нити кој го менаџира!

“Гордоста-убива!”

Како народ, како политички елити, како национален ентитет сме влезени во глобалистички процес на асимилација и претопување. И тоа наивно, по наша вина, т.е. изнудена волја.

Целта?

Името на Република Македонија е само флоскула за овие сценаристи. Но тие знаат дека овој збор им значи се’ на Македонците!

И тие знаат дека со рушење на уставното име на Република Македонија ќе предизвикаат долгорочно чувство на контрола над Македонскиот народ. Народната изрека “Наведната глава-сабја не ја сече” во оваа ситуација е оружје кое го користат против нас самите. И тоа премногу суптилно и успешно.

Овој народ треба да стане евтина работна рака за централните држави во Европската унија. Ќе не претворат во роботи, потрошувачко општество од друга страна кое нема своја фактичка независност, изграден критички дух и стратешки определена интелектуална свест која ке води своја автохтона политичка и општествена дејност ослободена од влијание на туѓите интереси.

Силата на еден систем не е да ги уништи непријателите, т.е. елементите кои не може да ги контролира.

Истовремено територијата на Република Македонија (Папокот на светот, раскрсница на цивилизациите, Буре барут кое секој момент може да експлодира, рај и почва за расплод на разузнавачките системи) ќе стане “нафтено поле” на сите светски каубојци кои од фармери сакаат да станат идни “нафтени” магнати.

“Заедништво во функција на индивидуален прогрес!”

Вистинската сила е да ги искористиш овие елементи за постигање на сопствени цели. Контролата на животот на еден поединец ја зголемува твојата вредност за двапати. Контролирањето на два субјекти ја зголемува таа вредност по аретметичка прогресија.

Драматични резултати се постигнуваат кога цел еден народ од над 2 милиони субјекти ќе ги исконтролираш за сопствени потреби.

На долг рок тоа значи робови, кои под ударот на моќта на парите и чувството на инфериорност може со децении и со столетија да обезбеди бенефит за самиот тој систем кој ги ставил своите канџи над овој ентитет на субјекти.

“Поделени во самотијата. Трошка ветар недостига за да не скине од гранката на која опстојуваме”

Гоце Делчев и неговите изреки врежани длабоко во свеста на Македонскио народ, како и целокупната колективна меморија снимена во кодот на македонската народна ризница на знаење, може да биде опасно оружје против нас самите, доколку немаме (а немаме) изградено резистентен механизам на себеконтрола и самозаштита од ваквата опасност која се спроведува и е во тек на имплементација на ова парче земја отсекогаш. Деновиве само гледаме нејзини зашилени врвови како продираат од каменливото тло кое во голема мера е разнишано и секој момент може да го снема од под нашите чекори.

Искрено не гледам актуелна критична политичка сила која може да ја подобри оваа ситуација за мојот народ.

“Името ја дефинира содржината.”

Зборот Македонија ќе биде искористен самиот себе да се негира. А за тоа ќе помогнеме сите ние-Македонскиот народ заедно!

Ќе се викаме роботи. Ќе се викаме амеби кои ќе ги на(д)градат за да станат парамециуми! Затоа што амебите немаат клеточна мембрана (а сепак со унифициран генетски материјал во себе) и кога ќе ни создадат парамециумски клеточен ѕид околу нашиот генетски код ќе бидеме благодарни и исполнети со чувство на важност и вредност.

Македончето ќе може да биде граѓанин на светот! И само затоа што така ни кажал некој друг.

Не дека до сега сме дојденци од друга планета! Но сега стварно и “суштински” ке станеме ГРАЃАНИ на светот.

А објективната наша суштина е куклена.

Кукларот?

Тоа е тој Бог на кој ние сме му овозможиле божествена улога во нашите животи.

А Македонија и Македонскиот народ ќе постои. Затоа што сме му потребни на овој Бог да работиме за неговата божественост да стане уште поголема!

“Начинот на влез во одредена просторија во огромна мера ќе го детерминира исходот по однос на целта зошто влегуваме таму!”

Пишува: Анастасов Кирчо

Објавено на 20.07.2017 година

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Следна објава Љупче Петрески: „АЗ ВСИЧКО ЗНАМ“
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 509
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 488
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 499
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1143
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 476
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 540
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 282
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 361
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 504
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

648
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1780
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4155
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201923
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202223
Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри
Регион

Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри

Окт 25th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.