Скопје може да се пофали со едно купче убаво уредени дворови. Можат и Битола, Охрид, Прилеп, Струга…
сите градови, веројатно.
Прашање е ама, колку од градовите и општините можат да се пофалат со средени дворови пред зградите?! Не оние заградени дворчиња што ги средуваат нашите комшии на приземје,
туку, дворчињата, тревниците што најчесто стојат оголени, запуштени, некогаш и затрупани со отпадоци. Доколку имате такво едно „сечие и ничие“ дворче, со потенцијал да го направите бајковито мало паркче, или имаат комшиите од соседната зграда, има во вашето старо маало, малото на вашите родители, деца… пуштете еден абер.
Испијте едно кафе и договорете што, како, кој. Договор куќа гради, ама и двор прави.
Чујте ја Сања и пробајте и вие. ![]()
![]()
Кеј на Брегалница, Делчево.
Општина Делчево/Municipality of Delcevo
#НашГрад-Проектот „Наш град“ е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.НАШ ГРАД во градина „Бостание“ – Повеќе градини и зеленило, помалку бетон и сивило


