Денеска попладне (петок, 10.07.2020 година) во попладневните часови во просториите на СОУ “М.М.Брицо” во Делчево пристигна доверливиот изборен материјал. Овие матгеријали од службени лица од државната изборна комисија беа предадени на претставниците на Општинската изборна комисија, при што беа составени потребните записници за примопредавање согласно изборната регулатива.
По ова примопредавање ќе следува соодветно распределување на избирачкиот материјал на избирачките одбори на соодветните избирачки места, во соодветен временски термин.
Претседателот на Општинската изборна комисија во Делчево Владимир Петровски во изјава во оваа прилика соопшти дека во овој избирачки процес вкупно барања за гласање на стари и изнемоштени лица кои ќе гласаат на 14 јули во Делчево има поднесено вкупно 341 барање од кои одбиени се шест барања. За гласање на 13 јули за лица заболени од Ковит 19 или под мерка на самоизолација нема поднесено ниту едно барање во општина Делчево.
Во продолжение погледнете ја целата изјава на Претседателот на ОИК Делчево:


