Потребни состојки:
– 4 јајца
– 2 супени лажици лимонов сок
– 1/8 кафена лажичка сол
– 120 милилитри слатка павлака
– 900 милилитри млеко
– 2 супени лажици инстант кафе во гранули
– 60 грама кафен шеќер
– 1/4 кафена лажички цимет во прав
– Шлаг пена (за гарнир)
– 120 милилитри бурбон
Изматете ги првите четири состојки, околу 1-2 минути. Кога ќе добиете мека, но густа смеса, престанете. Комбинирајте ги сите останати состојки со смесата со јајца (освен гарнирот) и ставете ги во блендер. Матете на ниска брзина сè додека не се разложат гранулите кафе.
Ставете го пијалакот во фрижидер и оставете го да отстои неколку часа. Извадете го од фрижидер, сипете го во чаша за послужување и декорирајте со шлаг пената и прстофат цимет.