“Во војната против калта во Штип умираат се повеќе калливи улици”- е соодветна квалификација која одговара на наелектризираната политичка криза во државата.
Градоначалникот на општина Штип е во напредна фаза на реализацијата на проектот “Штип без кал” во кој што е предвидено асфалтирање на сите улици до секое домаќинство во Штип.
Во текот на вчерашниот ден екипи на градежна механизација на економски оператор беа присутни на терен во населбата “Балканска” при што се асфалтираа краци на улици до домовите и имотите на граѓаните.
“Проектот „Штип без кал“ пристигна во населба Балканска. Денес започна асфалтирањето на улици и краци во оваа населба, а граѓаните за прв пат ќе добијат асфалтирани улици до своите домови.”
-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на општина Штип.