Според најновата анкета на агенцијата М – Проспект спроведена на репрезентативен примерок од 1.197 лица постари од 18 години во период од 04 – 10 април, Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во Скопје. Силјановска е омилениот кандидат на скопјани, а зад неа е Пендаровски, додека Река ужива најмала доверба во главниот град.
Имено во правата изборна единица, во која се населените места Сарај, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Македонски Брод, односно централното градско подрачје на градот Скопје, Силјановска ужива поддршка на 32.4% од бирачите, Пендаровски би го гласале 31.5%, додека Река 10.8%, 13.6% не би гласале за ниту еден од кандидатите, 8% се уште не одлучиле кого ќе поддржат, а 3.8% одбиле да одговорат.
Ова е голем скок за опозицискиот кандидат Силјановска, што е имено и прво водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица после подолг период.
Познавачите на приликите велат дека Скопје е показател на расположението на народот во целата држава, резултатот кој ќе се постигне во Скопје ссе прелева како бран во остатокот од државата. Такви примери сме имале во минатото кога Трифун Костовски, кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје, а победа потоа се бележеше и во скоро сите поголеми места низ државата.
Но вистинската поддршка Професорката Солјановска ја носи со себе во Брегалничкиот регион каде е убедлива над останатите кандидати.