• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Проговори МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

август 6th, 2019 Македонија, Став коментари 929

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Проговори МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Јавно обраќање на Македонски манифест по повод возобнувањето на споменикот на бугарскиот полковник што е и повод за нови барања на учесниците во војните за распарчување на Македонија

СРАМЕН И ПОНИЖУВАЧКИ ЧИН

Поклонувањето на премиерот на Република Македонија пред споменикот на бугарскиот полковник во Дојран го отвора прашањето за барања за возобнување на обележја на настани од војните и на другите учесници кои ја распарчувале Македонија. Дали овој настан легализира вакви барања за поставување обележја и на другите учесници во Балканските војни? И, каква е смислата на поставување паметници во случајов на личност значајна само за Бугарија, личност која нема никакво место во македонската меморија.

Често нашите актуелни званичници се повикуваат на договорот за добрососедски односи со Бугарија. Актуелна е и работата на комисиите за чествување на личности од заедничката историја. Но, во случајов е сосема јасно дека бугарскиот полковник не е позитивен пример за заедничко чествување.

Се возобновува споменик на бугарскиот полковник, а преку ноќ се руши споменикот на револуционерот Андон Лазов-Ќосето. Преку ноќ и без објаснување го снемува споменикот на Борис Сарафов од пред Министерството за надворешни работи во Скопје. Споменикот на војводата Александар Турунџев е оставен и заборавен во дворот на општината во Битола, меѓу паркираните возила на вработените во општинската администрација, напуштен и заборавен…

Кој бил бугарскиот полковник Каварналиев кој загинал 1913 година во Стар Дојран? Учесник во српско-бугарската војнаво 1885 година. Во Втората балканска војна е командант на третата бригада од бугарската балканска дивизија.

На 16 јуни 1913 година започна Втората балканска војна. Завршила со потпишување на Букурешкиот договор (10 август 1913) со кој Македонија е поделена од соседните држави. И во Првата и во Втората балканска војна беа мобилизирани Македонци и во бугарската и во српската војска. Тие се бореа во туѓи шинели. Во текот на Балканските војни и во Првата светска војна територијата на Македонија беше воено поле на кое се одвиваа воени операции меѓу балканските држави, а подоцна и меѓу големите спротивставени два блока. Завојуваните страни имаа многу жртви кои се погребани на воените гробишта во Македонија. Во Македонија има француски воени гробишта, британски воени гробишта, бугарски воени гробишта, германски воени гробишта, српски воени гробишта… Може да го разбереме тоа. Постоењето на воените гробишта е хуман, човечки и христијански чин. Но, возобновување  на спомен обележја како во случајов со паметникот за бугарскиот полковник кој се борел за интересите на Бугарија е бесмислено. Дали и другите делачи на Македонија нема да побараат поставувањеспоменици на нивни херои?

На интернет страницата на бугарскиот културен клуб пишува: „генералот Каварналиев загинува во близина на Дојран во 1913 година спасувајќи го бугарското население во југоисточна Македонија од нападот на неколку пати побројните грчки трупи…Во 1916 година (кога регионот е окупиран од Царство Бугарија, н.з.)бугарските војници поставуваат седумметарски споменик на неколку километри од Дојран со натпис „Полковник Каварналиев загина за слобода и татковината, со деветата плевенска девизија“. Споменикот бил тргнат во 1966 година од југословенските комунистички власти во Скопје…“.

Односот кон паметниците, спомен обележјата и кон воените гробишта зависел од тоа кој окупатор владеел со Македонија. Биле обновувани и им се оддавало почит на жртвите на оние кои што во тој момент управувале со Македонија. Истовремено противничките обележја биле и уништувани. Дали такво нешто ни се повторува?

Деновиве кога премиерот Заев и премиерот Борисов се поклонија на возобновениот паметник во Дојран, ја слушнавме и изјавата на бугарскиот премиер дека комисиитеод двете држави кои имаат директна обврска од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, мора да најдат компромис најдоцна до октомври. Дали тоа не е директен притисокдо комисиите со поставените рокови и со бесмисленото тврдење дека Гоце Делчев е Бугарин.

Поклонувањето на премиерот Заев пред споменикот на бугарскиот полковник од периодот на парчењето на Македонија го доживуваме како национално понижување. Сето ова наметнува повеќе прашања:

  • Дали ќе има заедничко чествување и на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир?
  • При ревизија на учебниците по историја во Бугарија дали ќе биде запишано стрелањето на децата во Ваташа 1943 година?
  • Дали Ваташа е наше заедничко минато?
  • Дали постои Бугарин кој знае што се случило во Ваташа?
  • Дали наместо овој паметник треба да се подигне споменик на Георги Димитров?

Евидентна е покажаната отвореност на Македонија за дијалог со Бугарија и  Грција со потпишувањето на договорот за добрососедство со Софија и со потпишувањето на Преспанскиот договор со Атина. Евидентни се и отстапките што ги направи Македонија. А, во исто време сме сведоци на зачестени навреди кон македонскиот народ и тоа токму од истите наши соседи. Да се потсетиме само на изјавата на вицепремиерот на Бугарија,Каракачанов,од пред некој ден при неговата посета во Скопје, кој македонското малцинство во Бугарија го спореди со Марсовци и Ескими. Во исто време имаме непримерна реакција на грчката јавност со која недамнештиот собир на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Овчарани каде што пеењето македонски песни и играњето македонски ора го окарактеризираја како иредентистички провокативен чин.И покрај потпишувањето на споменатите  наметнати договори, односот на соседите кон нас не се менува со векови. Можеби е ново само повикувањето на историјата. Дали ваквите однесувања се последица на несиметричните договори за добрососедство?

Дали постои заедничка историја на Балканот? Балканските војни создадоа можност националните митови на земјите учесници во војните да создаваат селективно толкување на фактите, со прилагодување на фактите кон сопствените политички и национални потреби. Различната интерпретација на факти се гледа преку документаристиката  на земјите на Балканот.

На Балканот има едно правило и тоа гласи: На Балканот нема правила!

Македонски Манифест

5 август 2019 година

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: Некадарност
Следна објава Говор на Драги Стојковски, претседател на ОМД во Канада по повод Илинден
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

722
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1586
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.