Во Националната галерија на Македонија-Чифте амам се одржа настан по повод одбележување на 50 години од Светската галерија на карикатури. Беше изложена ретроспективната изложба „50 години Светска галерија на карикатури (1969-2019)”, учество земаа 270 дела од селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“ и беа доделени награди и признанија на уметници, карикатуристи и соработници на Остен уметност на хартија.
Четворица уметници од Македонија се здобија со награда: Родољуб Анастасов, Дарко Талески, Милан Андов и Невзат Бејтули Кица.
Двајца учесници од Италија, Германија, Полска, Бугарија и по еден од Холандија, Грција, Русија, Велика Британија, Турција и од Јужна Кореја.


