Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку свое соопштение ја информираше јавноста дека денеска заедно со секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за меѓународна соработка Тимчо Муцунски оствариле работна средба со амбасадорот на Холандија во МАкедонија.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Христијан Мицкоски упатено преку социјалните мрежи:
“Денеска, заедно со меѓународниот секретар Timco Mucunski, остваривме работна средба со Дирк Јан Коп – Амбасадор на Холандија во Македонија.На средбата се заблагодарив на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласив дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конкретни чекори во справување со системските недостатоци.
Ја нагласив стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди, наместо уцени кои не содејствуваат со основачките договори на Унијата.
Ја афирмиравме потребата од одржување на фер и кредибилни локални избори оваа есен.”


