Во текот на вчерашниот ден од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа со своја прес конференција во јавност во врска со високиот износ на сума на исплатените бонуси од страна на Јавното Претпријатие “Исар” од Штип.
Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ја алармира јавноста за исплатената сума од над 20 илјади евра на име на бонуси на “вработени блиски до СДС и раководството”.
Притоа Петрова јавно ги прашува надлежните во јавното претпријатие по кои критериуми се делени ваквите бонуси на платата на овие вработени?
Во продолжение ја пренесуваме во целост нејзината прес конференција:
“Почитувани сограѓани,
Лицемерието на локалниот огранок на СДС во Штип нема крај.
Сакајќи да го скријат коруптивното и недомаќинско работење на штета на граѓаните на Општина Штип тонат се повеќе во кал,а како доказ за тоа ќе презентираме уште еден пример за тоа како се злоупотребува власта.
Имено,по примерот на СЈО,раководството на ЈП Исар-Штип во последните две години исплатило над 20.000 евра бонуси на вработени блиски до СДС и раководството.
Треба да одговорите по кој заслуги и критеруми се делени бонуси на плата, или пак можеби тоа е дел од “планот за живот” ?
Лажните вести кои СДС ги пласират за наводно сега пофнесени тужби во време на криза апсолутно се неточни, како што не се точни ниту износите на наведените паушали. ЈП Исар наместо да ги сервисиралонтековбите обврските делело бонуси на членови на СДС и со тоа го довело претпријатието во дополнителби судски трошоци.


