На денешната средба со новинарите кандидатот за градоначални код ВМРО -ДПМНЕ, Ратко Димитровски најави изградба на нов дом за стари лица истакнувајки дњка покрај овој капитален објект во кочани се отворени три нови пензионерски клубови во Кочани и населените места Оризари и Тркање.
-Во претходниот мандат општина Кочани изнајде простор и изготви проект за изградба на старечки дом според светки стандарди. Во моментот е подготвена целокупната техничка документација за изработка на проектот а во следната фаза ќе следува изградба на старечки дом со обезбедени средства од јаво приватно партнерство и странски донатори, истакна на денешната прес-конференција, Ратко Димитровски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.