Во изминатите три денови во Хотел Македонија во Делчево се одржа третата работилница во рамки на проектот од областа на животната средина, кој има за цел градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш – Пијанец.
Како што соопштуваат од граѓанската организација Регионален центар за застапување Делчево, темата на оваа работилница е правото за слободен пристап до информации од јавен карактер како еден од трите столбови на Архуската конвенција.
Како и во претходните две работилници одржани во рамки на овој проект на обуката беа разгледани повеже законски одлики и позитивни и негативни пракси од областа на правото за слободен пристап до информации согласно Архуската конвенција.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата за медиуми на Проектниот менаџер од РЦЗ Делчево која е имплементатор на проектот:
“Претходно РЦЗ оддржа две работилници, ова е трета работилница на која експерт ги запозна присутните со правото за слободен пристап до информации согласно оваа конвенција. Проектот„Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Пијанец – Малеш“ го почнавме месец јуни и ќе трае до крајот на годината. во рамки на истиот имаме спроведено две истражувања, едното е веќе завршено и тоа се однесува за локалните самоуправи од регионот и за Центарот за развој на Источно-планскиот регион за тоа кои стратешки документи од областа на животната средина се донесени во последните 4 години за колку од нив се направени стратешки оценки за влијание врз животната средина и во колку од нив при донесувањето била вклучена јавноста. Второто истражување во рамки на проектот, се реализира преку онлајн анкета, со цел увид во предзнаењата на граѓаните за трите столбови за Архуската конвенција.”
-соопштуваат од РЦЗ Делчево.
Со цел приближување на оваа тема до граѓаните, до крајот на реализацијата на проектот ќе се спроведе и поголема промотивна кампања со телевизиска дебата и изработка на промотивно видео и промотивни материјали. Пaртнери на Регионалниот центар за застапување во имплементацијата на овој проект се здружението „Амброзија“ од Пехчево и еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица. Проектот е финансиран од Европската унија, преку регрант на Милиеуконтакт Македонија.