За крај на работната недел вработени во Јавното претпријатие “Стипион” од Штип работеа на повеќе локации во градот, уредувајки јавна комунална инфраструктура и опрема во функција на подобрување на стандардот за живот на граѓаните.
“ Работа на паднат потпорен ѕид и изведба на дренажа на улица Ванчо Китанов
Работа на оградата и голови на спортското игралиште во Чардаклија
Ѕидање на потпорен ѕид во централното градско подрачје ( позади хотел Гарни )
Редење на коцка на пешачки патеки во паркот населбата Дуизлак
Проширување на место за вртење на возила на крајот на слепа улица ( ул. Кочанска )
Продолживме со ноќното обележување на сообраќајната сигнализација”
-се дел од активностите кои што беа реализирани во декот на денешниот ден, информираа од ЈП “Стипион” Штип.