Во текот на денешниот ден градежни екипи на фирмата изведувач започнаа со асфалтирање на новите терени за кошарка и за одбојка во најголемиот спортски комплекс од ваков вид во регионот и пошироко. Жителите на Македонска Каменица. Паралелно на асфалтерските работи се врши поставување на новата монтажна трибина како и уредување на теренот за мал фудбал.
Во наредниот период преостанува уредување на целокупниот околен терен на потегот кон градскиот базен каде ќе израсне нов јавен простор за одржување на културни настани.
“По изградбата на атлетската патека, денес започнавме со асфалтирање на терените за кошарка и одбојка, поставување на монтажна трибина со 80 седишта и подготовка на теренот за мал фудбал. Ќе се асфалтира и паркинг простор, како и пристапна патека кон тениските терени.
Веќе работиме на набавка на нови стативи за помошниот стадион и на монтажни тоалети.
По завршување на оваа фаза, а пред поставување на спуртон подлогата ќе започне и уредувањето на просторот околу терените.
Целта ни е тука да изградиме нови паркови и амфитеатрално да го уредиме просторот веднаш под градскиот базен и истиот да биде прилагоден за одржување на културни настани.”
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во текот на денешниот ден во врска со овој мега- проект.
Веќе од наредната година ќе работиме на подобрување на пристапот до спортските терени, но и на комплетно унифицирање на сите парковски површини во централното градско подрачје.
Чекор по чекор го градиме најубавиот град во Македонија.