• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Регуларни избори – неопходност во правната држава

октомври 27th, 2017 Регион коментари 694

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Претставничката демократија е облик на пренесување на власта од мнозинството на избраните претставници преку слободни, фер и демократски избори на кои се натпреваруваат политичките партии. За таа цел потребно е да има слободни и чесни избори кои ќе овозможат слобода на избор на граѓаните. Претставничката демократија значи владеење на народот преку избрани претставници, а не непосредно, односно владеење во име на народот и за народот.

Изборите се значаен демократски институт. Тие се универзална форма за артикулирање на политичкиот плурализам и на демократијата, како основен инструмент на секое демократско општество за мирно освојување на власта.

Република Македонија се наоѓа пред вториот изборен круг, кој треба да ги заокружи локалните избори на кои граѓаните бираат свои претставници во советите на општините и градот Скопје, како и градоначалници кои ќе раководат со локалните самоуправи.

Изборите се процес со кој народот му го доверува вршењето на политичката власт на претставничкото тело, во оваа смисла на овие избори на советите, кои ја претставуваат неговата суверена волја.

Државните институции треба да работат за заштита на правата на граѓаните. Владините институции мора да работат слободно и професионално и да бидат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.

Но за жал, со денови по ред слушаме за изборни нерегуларности и скандали. Во изборната кампања прочитавме дека владини пари се доделиле на невладините организации. Според официјално достапните информации, Министерството за финансии на 5 октомври, во втората недела од изборната кампања, распределило близу 5 милиони денари на сметките на невладините организации како капитални субвенции. Претходно откако се распишани изборите Владата на невладините организации им распределила и сума од близу 1 милион евра.

Власта која се стреми да се декларира како демократска, не смееше да се обиде преку доделување на финансиски средства да го инструментализира невладиниот сектор.

Секогаш кога невладиниот сектор добива финансии од владата, тој во истиот момент станува одговорен пред неа, со што ја губи својата слобода и независност и влегува во самоцензура, што пак, ја компромитира позицијата на невладините организации во очите на јавноста и го поттикнува молкот за време на изборните нерегуларности.

Не треба да заборавиме дека воспоставено цивилно општество треба да е противтежа и ограничувачки фактор на носителите на државната власт, да не се наметнат било какви недемократски форми над општеството.

Оттука, невладиниот сектор претставува значаен фактор за развој, поддршка и унапредување на државата и правата на поединецот во неа.

Набљудувачите и на “Мост“ и на “Цивил“ соопштија дека регистрирале партиско агитирање, поткуп, неможност гласачите да го остварат своето право на глас, а уште побројни се укажувањата на политичките партии од опозициониот блок за повреда на избирачкото право.

Овие избори ќе се паметат и по убиен носител на советничка листа во Кичево, скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник во Шуто Оризари, искршени канцеларии на штабови на опозицијата низ цела Македонија, јавни укажувања на кандидати за градоначалнициза нерегуларности, сомнеж за систем на гласање со систем наречен “Бугарски воз“, нотирани недостатоци на гласачки ливчиња во ибирачки места кои потоа се појавиле на други места низ Републиката, видеа на социјалните мрежи за организиран поткуп на гласачи од ранливи категории и тн.

Досегашниот исход од изборите укажува на апсолутна власт на Социјал демократскиот сојуз на централно и локално ново, што упатува и на најголема одговорност за начинот на практицрање на власта и демократијата, а особено за начинот на организирање на изборите.

Демократијата подразбира одговорен политички систем. Општество без одговорност е анархија, а општество без слобода е деспотија. Важно е на граѓанинот да му се создадат претпоставки за слободно остварување на уставно загарантираните права и слободи.

Избирачкото право во Република Македонија треба да е гарантирано како еднакво, општо и непосредно право кое се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Македонија може и треба да покаже демократски капацитет за остварување на претставничката демократија. Во Македонија гласачите треба да се третираат со должна почит и дефинитивно нашата држава може да спроведе избори, во кои компетитивноста на идеји и програми ќе биде пресуден фактор за освојување на гласовите на избирачите. Само регуларни избори спроведени соглано Уставот и законите се во функција на правната држава.

На нашиот евроинтегративен пат, неопходно е власта пред гласањето во вториот круг, да ги гарантира постулатите на демократијата, да спречи секаков вид на насилство и да овозможи спроведување на слободни, фер и демократски избори.

Само слободни и регуларни избори ќе не легитимираат на домашната и меѓународната сцена како стабилна демократија и развиена земја, во која се почитуваат правата и слободите на поединецот, во спортивно секоја друга експликација ќе биде визионерска и теоретска заложба, која ќе чека на имплементација кај некоја нова влада во иднина.

Пишува: Анета Стојановска-Стефанова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Зошто ќе гласам ПРОТИВ Благој Бочварски?
Следна објава Дожд и силен ветер, понесете чадор и топла облека
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 241
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 436
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 378
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 505
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 384
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 297
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1366
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 273
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 491
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

896
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2004
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Најава за "востание" на Македонците ширум Европа
Свет

Најава за "востание" на Македонците ширум Европа

Мај 31st, 201823
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.