Силната општествена одговорност, вложувањата во Македонска Каменица и беспрекорната соработка помеѓу Рудник Саса и локалната власт продолжуваат со донацијата за изградба на нов супер модерен спортски терен.
Во рамки на проектот на површина од 800 метри квадратни е поставена „спуртон“ подлога на која се наоѓа кошаркарски терен со стандардни димензии, модерни кош-конструкции, мини игралиште за фудбал и терен за локално популарниот „тенис со нога“.
Со оваа донација, култното каменичко „школско“ добива нов живот, а младите спортисти од Македонска Каменица го добиваат еден од најубавите спортски терени во Македонија.
-стои во соопштението објавено на фејсбук страната на рудникот.