На својата фејсбук страница на која премиерот Ковачевски фрекфентно споделува политички пораки, објави заеднички фотографии од малолетни деца од градинка во Валандово. На фотографиите се гледаат ликовите на младите дечиња заедно со насмеаниот лик на премиерот ковачевски и дел од воспитувачките од градинката.Дали родителите на овие деца знаат и му дозволителе на Ковачевски да се фотографира со нивните најмили е прашање кое што заслужува поширок општествен одговор.
Ваквите фотографии од детска градинка со малолетни дечиња се појавуваат во услови на особено низок рејтинг на премиерот Ковачевски во јавноста како резултат на лошите политики на владеачката коалиција кои се рефлектираат на секој еден граѓнин во државата.
Дали Ковачевски има барем малку срам да не се служи со малолетни деца за себе промоција е прашање чиј што одговор треба тој самиот да го даде во јавност!