Дитекторот на Дирекцијата за заштита и спасување под чија наделжност е управувањето на летачките воздухоплови за гасење пожар најави дека канадерите ќе бидат оперативни во воздух во октомври.
Тој ваквата состојба ја правдаше со некаква жалбена постапка која го прекинала тендерот за избор на најповолен понудувач за сервисирање на канадерите па морале да одат со преговарање со операторите и затоа се одолговлекува оваа постапка која оваа година започнала многу рано (не кажува кога), додека пак минатата година воопшто не била покрената постапка за сервисирање.
Чија е вината за импровизацијата со спроведувањето на тендерската постапка па истата морала да се поништува, останува неодговорено од страна на функционерот на ДУИ, како и прашањето зошто минатата година не биле оспособени канадерите за операбилност при гасење пожари.
Во времето на претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ овие канадери беа познати и во соседните земји каде оперираа при гасење на пожар во помош на тамошните влади.


