На градскиот плоштад во Неготино, на 9 јуни (недела) ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички имиња од земјава и регионот.
Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален.

Дел од богатата програма
на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат и најпознатите
јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2
Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска
музичка ѕвезда – Саша Ковачевиќ.
Неготино ве кани да уживате во богатата програма која ја
подготвил Negotino Off Festivalot.