Денеска на прес конференција пратеникот Бетиене Китев во Изјава за медиумите соопшти:
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.
Во текот на вчерашниот ден исплатени се парите кои приватните винарници “Повардарие” и “Стефани Винарија” им ги должеа на лозарите за предаденото грзоје во 2015 и 2016 година.
77 милиони денари или над 1,2 милиони евра се исплатени кон над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион за неплатеното, а предадено производство. Овие пари се враќаат директно кај лозарите, за да ги вложат во ново производство на квалитетно грозје. Ова е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон лозарите, кон граѓаните. Продолжуваме со спроведување на политиките што обезбедуваат грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство. |
Дали ваквото медиумско известување за искористување на јавни буџетски сретства, пренесено преку партискиот интернет сајт на СДСМ со партиски обележја е дозволено според постојната законска регулатива и истото не претставува злоупотреба на јавните ресурси на граѓаните за промоција на една политичка партија во предизборен период, институциите на државата се должни да испитаат и да дадат свој став.
Прес конференцијата е превземена од www.sdsm.org.mk