Денеска (среда 03.04.2019 година)во Делчево се одржа редовното годишно собрание на Здружението Фолклорна Група “Копачка” с. Драмче, Општина Делчево.
По точките на дневниот ред се отвори дискусија при што на Седницата на собранието едногласно беа усвоени
Извештајот за работа и завршната сметка за 2018, како и
Програмата за работа за 2019 година.
Од страна на Секретарот на Здружението г-ѓа Перса Стојановска беа детално образложении овие документи. Притоа од здружението најавија:
Продолжуваме со проби и со приемот на нови членови, а усвоен и календарот на настапи за април и мај 2019, а тоа е: „Велигденска изложба“ Делчево – 25 април, “Ѓурѓовден“ с. Спатово – 5 мај, Конгрес во Битола (ЦИОФ),, во организација на СОФАМ (16-20 мај) и Св. Кирил и Методиј, патронот на Делчево.

ЗФГ “Копачка” с. Драмче Делчево е носител на Заштитата на Соборското оро “Копачка” како Нематеријалното културно наследство на човештвото под заштита на УНЕСКО и Културно наследство со особено значење за Република Македонија.
Приказните и подвизите на ова Пијанечко соборско оро низ историјата се забележителни и значајни.
Со активностите на ова здружение се прават огромни напори истото да опстои во иднина, за што е потребна сечија сесрдна помош и афирмација.