Претседателот на ТМРО, адвокатот Ванчо Шехтански со свое соопштение упатено до јавноста реагираше во врска со информациите дека биле приведени поголема група на членови на навивачката група “Комити” од страна на полицијата.
Во продолжение во целост ја пренесуваме информацијата и неговата реакција дека постоела намера за конструирање на случај од страна на МВР со цел за дефокусирање на јавноста од инцидентот со Шверцерите во МНТ:
“Како адвокат на навивачката група Комити, демантирам дека вчера имало било каков инцидент после натпреварот Вардар- Слога, при која наводно се приведени 4- ца навивачи на Вардар заради каменување полицајци???
Вистината е дека синоќа околу 17 часот беа приведени 13 наши навивачи, без никаков повод и причина. При моето одење во ПС Пролет и Центар, беше наведено од инспекторите кои случајно беа од една националност, дека наводно биле нападнати малолетни навивачи од друга навивачка група и националност ?? Меѓутоа такви лица не ни беа посочени, ниту пак имаше повредени, за билтенот на мвр денес да излезе со крајно спротивен став дека биле каменувани полициски службеници, што е неточно ?? Односот пак на инспекторите спрема родителите на приведените недолжни деца, навивачи на Вардар беше чуден, а едниот му се обрати вулгарно – дали знае дека син му е Комита ??
Заради немање докази и очигледна намера за конструкција, која остана неуспешна , навивачите беа пуштени.
Заклучокот од оваа невкусна конструкција е – свртување на вниманието на јавноста и префрлање на вината на недолжни деца, со цел да се скрие и оттргне вниманието од дивеењето на вандалите во МНТ.”
-соопштува Ванчо Шехтански.