Драган Ковачки инсистира на одговори од Стево Пендаровски и Радмила Шеќеринска во врска со обелоденетиот скандал за враќање на двајца воени претставници едно по друго на Република Македонија од страна на НАТО.
Тој и денеска ги повика Шеќеринска и Пендаровски како најодговорни да се произнесат во врска со поставените прашања во изминатите неколку денови кои се од исклучително значење за угледот на нашата држава пред НАТО партнерите.
“Ден 6ти.
Ќе продолжи ли молкот од Шекеринска и Пендаровски за скандалот што го предизвикаа?
Знам дека сега посакувате да не мора да давате образложение кој и каде потфрлил во процедурата (ако воопшто сте ја почитувале) и си велите – белки се подзаборави. Знам и дека сакате да не ни објаснувате нам, на “пониската класа” од вас, зошто и колку вашето неправо ја повредува и државата и алијансата. Ама така не оди. Во демократија има еден збор за јавните функционери што треба да е светост: Одговорност!
Г-ѓо Министер и Г-не Претседател, несериозно е да игнорирате прашања кои се од интерес на сите, а се однесуваат на вашата работа, односно на вашите скандалозни пропусти.
-соопшти денеска Драган Ковачки преку социјалните мрежи.


